Лох Теј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Лох Теј
Loch Tay / Loch Tatha
Лох ТејLoch Tay / Loch Tatha - Лох Теј гледан од Кенмор
Лох Теј гледан од Кенмор
Местоположба Пертшир, Шкотска
Координати 56°30′56″N 4°08′46″W / 56.51556°N 4.14611°W / 56.51556; -4.14611Координати: 56°30′56″N 4°08′46″W / 56.51556°N 4.14611°W / 56.51556; -4.14611
Тип слатководен лох
Главен прилив Дохарт, Лохеј
Земји во сливот Велика Британија
Макс. должина 23 км
Површина 26,4 км2
Макс. длабочина 150 м
Населени места Килин, Кенмор, Лоерс
Реконструиран краног на Лох Теј

Лох Теј (англ. Loch Tay, гел., Loch Tatha) е слатководен лох во средишниот дел на Горите во Шкотска, во округот Пертшир.

Лохот е тесен и долг, и ја следи линијата на долината во превец од југозапад кон североисток. Долг е 23 км, а просечната ширина се движи од 1,6 до 2,4 км. Ова е шести по големина лох во Шкотска по површина. Најголемата длабочина изнесува 150 м.

Над северниот брег на лохот се издига планината Бен Лоерс (1214 м), што е 10-та по височина во Британија. Врвот е највисок од групата од седум врва („манро-а“).

Поголеми населени места во подрачјето се селата Килин и Кенмор. Килин е сместен на чело на лохот, а Кенмор се наоѓа кај изливот na реката Теј. На јужната страна на лохот се протегаат помалите места Ахарн, Ардониг и Ардталниг, а на северната страна се селцата Фјарнан и Лоерс. Во лохот се влеваат реките Дохарт и Лохеј, како и повеќе мали потоци.

Лохот е популарно место за риболов на лосос.

Во Железно време, жителите на месноста живееле во одбранбени наколни живеалишта во лохот наречени „кранози“. Во лохот се пронајдени преку 20 потомени кранози. Близу центарот на кранози е реконструиран еден примерок.

[уреди] Поврзано

[уреди] Галерија

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици