Лох Дерг (Манстер)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Езерото Дерг (од ирски: Loch Deirgeirt што значи „пештерата на црвеното око“) се наоѓа во јужниот дел на централната рамнина на Ирска на околу 30 км нагоре од утоката на реката Шенон. Ова езеро со неправилен облик се наоѓа во обликувана делница со глацијална ерозија во долината Шенон. Тесниот јужен ракав, кој е најдлабок дел од езерото, бил создаден за време на последниот леден период, со набивање на ледот во најјужниот дел од клисурата низ која денес истекува реката од Езерото. Островот во езерото Дерг кој е наречен Чисталиште на Свети Патрик, бидејќи се смета дека овој светец на него престојувал во 445 год. од н.е., има религиозно значење.[1]