Личко-сењска жупанија
| Личко-сењска жупанија Ličko-senjska županija |
|||
|---|---|---|---|
| — Жупанија — | |||
|
|||
|
Личко-сењската жупанија (портокалова боја) во Хрватска (жолта боја) |
|||
| Главен град | Госпиќ | ||
| Управа | |||
| - Жупан | Милан Јурковиќ (ХДУ) | ||
| Површина | |||
| - Вкупна | 2.066,4 sq mi (5.352 km2) | ||
| Население (2001) | |||
| - Вкупно | 53.643 | ||
| - Густина | 10/km2 (26/sq mi) | ||
| Повикувачки број | 053 | ||
| ISO 3166-код | HR-09 | ||
| Мреж. место | http://www.licko-senjska.hr/ | ||
Личко-сењската жупанија главно се наоѓа на подрачјето на Лика во западна Хрватска, но го вклучува и северниот дел на островот Паг. Се граничи со Задарската жупанија на југ, и со Карловачката жупанија и Приморско-горанската жупанија на север.
Содржина |
[уреди] Население
[уреди] Личко-сењска жупанија
Според пописот од 2001 година во жупанијата живееле 53,677 жители (1,2% од вкупниот број на жители во Хрватска - најмалку населена жупанија во државата). Густината на населноста изнесувала околу 10 жители на km².
Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 86,2%, Срби 11,5%, Албанци 0,2% и други (1991; Хрвати 59,7%, Срби 37%).
[уреди] Бројот на жителите низ годините
| година на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
| бр. на жители | 53,677 | 85,135 | 90,836 | 106,433 | 118,329 | 125,677 | 130,855 | 172,735 | 177,055 | 182,392 | 186,871 | 170,084 | 155,382 | 165,692 | 155,467 |
[уреди] Извор
- ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.
[уреди] Географија
Во Личко-сењската жупанија течат три реки: Лика со должина од 78,1 km (по по која е именувано и Личкото поле, а потоа и целиот регион Лика), Гацка со должина од 55,4 km и Новчица со должина од 29 km.
Највисоки планински врвови во жупанијата се: Вагански врв со висина од 1,757 m и Велики Завижан со висина од 1,676 m на Велебит, а на Пљешевица Озеблин со висина од 1657 m.
Во жупанијата има и доста езера, а најголеми по површина се Крушќица со 3,9 км² и Плитвичките езера со 2 км².
[уреди] Видете уште
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб портал на жупанијата (хрватски)
- Веб портал посветен на жупанијата (хрватски)