Вуковарско-сремска жупанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вуковарско-сремска жупанија
Vukovarsko-srijemska županija
—  Жупанија  —

Знаме

Грб
Вуковарско-сремската жупанија (обележана со портокалова боја)
во Хрватска
Главен град Вуковар
Управа
 • Жупан Божо Галич (ХДЗ)
Површина
 • Вкупна 2.448 км2
Надм. вис. 78-224 м
Население (2001)
 • Вкупно 204.768 жит.
Postal code 32xxx
Повик. бр. 32
ISO 3166 HR-16
Рег. табл. VU, VU, ŽU
Портал Официјален веб портал

Вуковарско-сремската жупанија (хрватски: Vukovarsko-srijemska županija) е најисточната жупанија во Република Хрватска.

Завзема простор од 2.448 км². Има 26 општини и 5 градови. Се граничи со Осиечко-барањската жупанија на север, Бродско-посавската жупанија на запад, со Република Босна и Херцеговина на југ, и Србија на исток.

Клима[уреди]

Просторот на Вуковарско-сриемската жупанија има умерено континентална клима. Летата се сончеви и топли, а зимите се ладни. Просечната годишна температура се движи од околу 11°C со просечен најтопол максимум од 29,9°C и просечен минимум од 12,2°C.

Население[уреди]

Вуковарско-сремска жупанија[уреди]

Бројот на жителите низ годините[уреди]

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 204,768 231,241 223,919 217,115 193,224 166,956 152,472 139,340 127,417 129,754 125,569 117,918 104,801 101,029 86,768
Попис од 2001
Хрвати
  
160.277
Срби
  
31.664
Унгарци
  
2.047
Руси
  
1.796
Словаци
  
1.338
Останати
  
7.646


Извор[уреди]

  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Надворешни врски[уреди]