Бјеловарско-билогорска жупанија
| Бјеловарско-билогорска жупанија Bjelovarsko-bilogorska županija |
|||
|---|---|---|---|
| — Жупанија — | |||
|
|||
|
Бјеловарско-билогорската жупанија (светло портокалова) во Хрватска (светло жолта) |
|||
| Главен град | Бјеловар | ||
| Управа | |||
| • Жупа | Мирослав Чачија (ХСП) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 2.652 км2 | ||
| Население (2001) | |||
| • Вкупно | 133.084 | ||
| Повикувачки број | 043 | ||
| ISO 3166 | HR-07 | ||
| Портал | http://www.bbz.hr/ | ||
Бјеловарско-билогорската жупанија (хрватски: Bjelovarsko-bilogorska županija) се наоѓа во северозападна Република Хрватска. Во економски поглед, оваа жупанија е најсилна земјоделска жупанија во Хрватска.
Содржина |
Население [уреди]
Бјеловарско-билогорска жупанија [уреди]
Според пописот од 2001 година во жупанијата живееле 133,084 жители (3% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 50 жители на km².
Етничкиот состав е следниот: Хрвати 82,6 %, Срби 7.1 %, Чеси 5,3%, Унгарци 0,9 % а останатите 4,1% и други. Во оваа жупанија живеат најмногу припадници на чешкото малцинство во Хрватска.
Според пописот од 1991 година етничкиот состав изгледал вака: Хрвати 67,88%, Срби 16,14%, Бошњаци, Албанци, Роми и останати 8,74%, Чеси 5,82%, Унгарци 1,40%
Бројот на жители низ годините [уреди]
| година на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
| бр. на жители | 133,084 | 144,042 | 149,551 | 157,811 | 167,599 | 170,651 | 166,485 | 173,597 | 162,453 | 163,039 | 150,825 | 130,901 | 101,420 | 95,981 | 84,893 |
Извор [уреди]
- ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.
Политика [уреди]
Моментален жупан е Мирослав Чачија.
Собранието се состои од 43 пратеници:
- Хрватска Селска Партија (ХСП) 15
- Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) 9
- Социјалдемократска партија на Хрватска (СДПХ) 8
- Хрватска Социјално Либерална Партија (ХСЛП) 4
- Хрватска Народна Партија (ХНП) 2
- Хрватски Блок (ХБ) 4
- независен кандидат 1
Географија [уреди]
Бјеловарско-билогорската жупанија се наоѓа во источниот дел на жупаниите од средното централното подрачје на Хрватске. На север се граничи со Копривничко-крижевачката, на североисток со Вировитичко-подравската, на југ со Сисачко-мославинската жупанија и на запад со Загребската жупанија. Опфаќа простор на четири карактеристични географски целини: Билогорје (северно и североисточно), граничните масиви Папук и Равна гора (источно), Мославачкото горје (југозападно), и долината на реките Чесма и Илова (западно, централно и јужно).
Бјеловарско-билогорската жупанија завзема површина од 2,652 km², што е 3,03% од вкупната површина на Хрватска и на нејзиното подрачје живеат 131,343 жители (според пописот од 2001 година), што изнесува околу 3% од населението во Хрватска. Средиштето на жупанијата е градот Бјеловар со 41,083 жители што сочинува 31,3% вкупниот број на жители на жупанијата. Бјеловар е политичко, културно и економско средиште на жупанијата.
Економија [уреди]
На подрачјето на Бјеловарско-билогорската жупанија се наоѓаат значајни извори на нафта, земен гас, кварцен песок, глина и термални води. Во жупанијата најзастапено е производството на храна и сточарството, што резултира си значајно производство на млеко и месо. Освен земјоделство, во жупанијата е развиената прехрамбената, дрвната, металопреработувачката и текстилната индустрија.
Надворешни врски [уреди]
- Официјален веб портал (хрватски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бјеловарско-билогорска жупанија“ |
|
|||||||