Лила Арсова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лила Арсова
Родена 6 ноември 1967
Велес, Македонија
Занимање поет и писател за деца

Лила Арсова (6 ноември 1967, Велес), позната и под псевдонимот Лили Арсовамакедонски просветен работник[1], писател и поет за деца.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Арсова е родена на 6 ноември 1967 во Велес. Основно образование завршила во ООУ „Рајко Жинзифов“ а средно образование во СОУ „Јовче Тесличков“ во Велес. Дипломирала на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј во Скопје. Работи како професор во одделенска настава во ОУ „ Васил Главинов“.[3]

Претседател е на друштвото на писатели „Коста Солев Рацин “ во Велес од 2014 до денес. Нејзиното творештво е преведувано на неколку јазици, меѓу кои српски, англиски, грчки, романски и бугарски. Застапена со творештвото во многу интернет портали и списанија.

Творештво[уреди | уреди извор]

Поезија и проза за деца и младинци
  1. „Поточиња во детските очиња“, издавач и печат Дата Песнопој, Битола (2010);[4]
  2. „Детството соништа плете“, издавач - авторот, печат „Прва книга“, Велес (2010);[5]
  3. „Свете растеш ли ко дете“, издавач - авторот, печат „Унистар“- Велес (2016);[6]
  4. Драмски текстови „ Сончевата трпеза“, издавач авторот, печат „Унистар“ Велес (2015);[7]
  5. „Приказни крај воденичните камења“ (книга со приказни и бајки) издавач - авторот, печат „Унистар“- Велес (2015);[8]
  6. . „Приказни од мојот крај“, издавач – авторот, печат „Академски печат“- Скопје (2018);[9]
  7. Коавтор на стихозбирката за деца „ Прошетка низ азбуката“ (2018)[10]
  8. Коавтор на стихозбирката песни на македонски и италијански јазик посветени на Мајка Тереза ( 2018 и 2019 година).
Меѓународни заеднички изданија
  1. Македонско – грчки избор на дела „Гласови“ во издание на „Дата Песнопој“ Битола (2011);[11]
  2. Македонско – бугарска антологија „Книжевни одблесоци“ во издание на „Дата – Песнопој“ - Битола (2016);
  3. „Мојот татко храни птици“- меѓународен зборник во издание на „Лијепа реч“ од Тузла, Босна и Херцеговина (2018);[12]
  4. Меѓународни зборници поезија „Мајка Тереза 2021“ и „Празници 2“ (2021);
  5. Збирка поезија на 2-от Меѓународен фестивал на поезија, проза, афоризми и хаику “Симбиоза на планета 2022”, во организација на Клубот на книжевни творци “Симбиоза” – Куманово.
Авторство како група автори
  1. Зборник „Велешки поетски пулсирања“ 2014, 2015, 2016, 2017- Клуб на писатели „ Коста Солев Рацин“ (2016);
  2. „Распеано слевејче “ – Здружение Златно перо - Битола (2015);
  3. „Поетски чекорења“ - Друштво на писатели Куманово (2015);
  4. „Песни за учителот“- Здружение на просветни работници литературни творци во Р Македонија – (2016 и 2017);
  5. „Во светот на бајките“- Ирис, Струга (2016);
  6. „Метрички карван“ - Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија (2016);
  7. Списание „Велес“- Клуб на писатели „Коста С. Рацин“ (континуирано од 2016); издавач
  8. Збирка „Златен меч на времето“ - Клуб на писатели „Коста С. Рацин“ - Васил Тоциновски (2017);
  9. Збирка на поетски творби за деца „Стихувалки“- ЕДУКА МАК, Скопје (2018);
  10. Антологија посветена на Даница Ручигај - Академски печат, Скопје;
  11. Збирка поезија „Мостови на пријателството“- Здружение „Диван“од 2017 до 2022;
  12. Песни во списанието за деца „Супер Смешка“(2018);

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Награда на фестивалот „Стихувалки“ 2018 година;
  • Поет на годината на манифестација „Литератопија 2020“ година;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лила Арсова, Весна Христовска и Томислав Иванов прогласени за најдобри просветни работници!, duma.mk, 23-05-2013
  2. Промоција на книгата „Приказни од мојот крај“, dk-kocoracin.org.mk
  3. Колку треба да се разубави секојдневието на децата во училиштата?, fakulteti.mk
  4. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Поточиња во детските очиња :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  5. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Детството соништа плете :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  6. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Свете растеш ли ко дете :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  7. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Сончевата трпеза : драмски текстови :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  8. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Приказни крај воденичките камења :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  9. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Приказни од мојот крај :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  10. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Прошетка низ aзбуката :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  11. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Гласови : избор од дела на автори објавени во издание на Дата песнопој; Fones : epiloge ergon suggrafeon, aemosieumenon stis ekloseis data pesnopoï; Fones :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.
  12. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Книгата "Мојот татко храни птици" ги обедини поетите од регионот :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-02-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]