Лето со Моника (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Лето со Моника“ - „Приказната за лошо девојче“, филмски постер во САД 1956 година.
„Лето со Моника“ - „Приказната за лошо девојче“, филмски постер во САД 1956 година.

Лето со Моника (шведски: Sommaren med Monika) е шведски филм од 1953 година, режиран од Ингмар Бергман (Ingmar Bergman), според сценариото на Пер Андерс Фогелстром (Per Anders Fogelström). Главните улоги во филмот ги толкуваат: Хариет Андерсон (Harriet Andersson), Ларс Екборг (Lars Ekborg), Дагмар Ебесен (Dagmar Ebbesen), Џон Харисон (John Harryson) итн. Филмот, кој трае 96 минути, е снимен во црно-бела слика и со моно звук, во продукција на Шведската филмска индустрија (Svensk Filmindustri). Буџетот на филмот изнесувал 484 000 шведски круни.[1][2][3]

Заплет[уреди | уреди извор]

Приказната започнува со работничкиот дел на Стокхолм. Деветнаесетгодишниот Хари Лунд (го игра Ларс Екборг), кој на осумгодишна возраст останал без мајка, работи во фабрика за стакло, а Моника Ериксон (ја игра Хариет Андерсон) е продавачка во локалната продавница. Хари не е претерано добар работник, бидејќи постојано доцни на работа и неуредно ги извршува работните задачи. Моника е дива, неодговорна девојка, која е заинтересирана само за забава. Хари и Моника се вљубуваат еден во друг, а кога Моника ќе западне во домашни неволји, заедно со Хари даваат отказ до работните места и заминуваат во Стокхолмскиот Архипелаг, каде го поминуваат летото. Кога крајот на летото ги принудува да се вратат дома, Моника открива дека е бремена. По враќањето во Стокхолм, тие се венчаваат, а потоа Моника раѓа женско бебе. Хари, во обид да постапи правилно, се вработува и истовремено студира за да го обезбеди семејството. Но, Моника е незадоволна со нејзината улога на домаќинка и од сиромашниот живот. Таа не сака ниту да работи, ниту да се грижи за бебето, туку копнее за возбуда и авантура. Еднаш, додека Хари е отсутен во период од неколку дена, Моника се впушта во авантура со своето поранешно момче Леле (го игра Џон Харисон). Кога Хари се враќа дома, го открива неверството и меѓу нив започнува кавга. Тој ја удира Моника и таа ги напушта Хари и бебето. Поради неплатената кирија, Хари мора да го напушти станот и тој решава да се врати дома кај татко му.<ref IMDB - Summer with Monika (1953), (пристапено на 4.5.2014)</ref>[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

YouTube - Summer with Monika (1953)