Ленски мост

Координати: 41°01′53″N 21°20′16″E / 41.0314426° СГШ; 21.3376406° ИГД / 41.0314426; 21.3376406
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленски мост
Поглед на Ленски мост
Координати41°01′53″N 21°20′16″E / 41.0314426° СГШ; 21.3376406° ИГД / 41.0314426; 21.3376406
Носипешаци и моторни возила
ПреминуваДрагор
МестоБитола
Официјален називЛенски мост
Особености
Виджелезен мост
Ширина6 м
Местоположба
Карта

Ленски мостжелезен мост на реката Драгор во Битола.

Се наоѓа во централниот дел на градот Битола. Тој е еден од деветте железни мостови кои пристигнале од Германија како репарација од Првата светска војна.[1] Името „Ленски мост“ го добил заради близината на Ленски-пазар кој се наоѓал на левиот брег на реката.

По мостот се одвива сообраќај на моторни возила и пешаците. Честотата на пешаци е голема, а на моторни возила мала.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мостовите на реката Драгор во Битола на семрежното место на Сител