Моторно возило

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Моторно возило е секое возило на моторен погон, со исклучок на мотоцикл, кое вообичаено се користи за превоз на лица или стока на патишта или за влечење на возила на патишта што се користат за превоз на лица и стока и кое има најмалку четири тркала и максимално проектирана брзина над 25 km/h.[1][2]

Видови на моторни возила[уреди]

  • Работно возило на кое се вградени уреди или опрема за вршење на работи, чија најголема дозволена маса е еднаква со масата на возилото (на пример: дигалка и слично), а според особините спаѓа во една од категориите на моторни или приклучни возила;
  • Велосипед со мотор чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 cm3 и чија брзина на рамен пат е ограничена на најмногу 45 km/h;
  • Мотоцикл, со странична приколка или без неа, чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување е поголема од 50 cm3 и чија конструкциски дозволена брзина е поголема од 45 km/h;
  • Лесен трицикл, со три тркала симетрично поставени по должината на оската на возилото, чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 cm3 и чија најголема дозволена брзина не е поголема од 45 km/h;
  • Трицикл, со три тркала симетрично поставени по должината на оската на возилото, чија маса не е поголема од 400 килограми - ако е наменето за превоз на лица, односно 550 килограми - ако е наменето за превоз на товар (без батерија ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување е поголема од 50 cm3 и чија најголема дозволена брзина е поголема од 45 km/h;
  • Лесен четирицикл, со четири симетрично поставени тркала, чија маса не е поголема од 350 килограми (без батерија и со сила на моторот не поголема од четири киловати ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 cm3 и чија конструкциски дозволена брзина не е поголема од 45 km/h;
  • Четирицикл, со четири симетрично поставени тркала, чија маса не е поголема од 400 килограми - ако е наменето за превоз на лица, односно 550 килограми - ако е наменето за превоз на товар (без батерија ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување е поголема од 50 cm3 и чија најголема дозволена брзина е поголема од 45 km/h;
  • Патнички автомобил, наменет за превоз на лица, при што заедно со седиштето на возачот има најмногу осум седишта;

Надворешни врски и референци[уреди]

  1. Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, Сл. весник на РМ бр. 54/2007 Чл. 2
  2. Авто-Мото Сојуз на Македонија