Крунисувачко јајце (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крунисувачко јајце
Година на изработка1897
НарачателНикола II, подарен на Александра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Виктор Векселберг
Фабержеов музеј
Година на стекнување2004
Дизајн и материјали
МастерМихаел Перхин, Хенрик Вингстрем
Употребен материјалзлато, дијамант, емајл
Изненадувањезлатна кочија

Крунисувачко јајце — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено во 1897 година од ателјистите на Фаберже, Михаел Перхин и Хенрик Вингстрем. Јајцето било направено во чест на царицата Александра Фјодоровна.

Често било изложено во музејот Ермитаж и било праќано во разни музеи низ светот како дел од привремени изложби. Моментално е поседувано од еден од руските олигарси, Виктор Векселберг.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Делот со оригиналното постолје во 1902 година, денес изгубено.

Јајцето е направено од злато со делумен жолт емајл и се поврзува со царската облека на царицата при нејзиното крунисување.

Направено со ленти зелениково златни ливчиња поставени на секое вкрстување од царскиот двоен орел и поставена розов дијамант на средината. Овој дел бил исто така прикажан на облеката при крунисувањето на царицата.

Царски монограм на царицата Александра Фјодоровна

Голем дијамант е поставен на врвот на јајцето во рамки на група од десет брилијантни дијаманти; низ нив може да се види монограмот на царицата. На другиот, потесен крај, е поставен помал дијамант во рамки на розови дијаманти опкружени од цветни мотиви на 20 златни листови. На овој крај од јајцето, дијамантот ја покрива годината 1897 впишана на сличен начин како монограмот.

Изненадување[уреди | уреди извор]

Внесено внатре во јајцето е совршена копија на царска кочија од XVIII век, која ја носела царицата Александра на нејзиното крунисување во Успенската катедрала во Москва.

Црвената боја на првобитната кочија била направена користејќи емајл со боја на јагода и сина боја за внатрешноста. На кочијата се наоѓа царската круна со розови дијаманти и шест двојни орли на покривот; имала кристални прозорци и планинумски гуми, како и царски орел со дијаманти на секоја врата. Минијатурата имала тркала, врати, осовина и мали скали на расклопување.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]