Јајце со плот и рози (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јајце со плот и рози
Велигденското јајце „Јајце со плот и рози“
Година на изработка1907
НарачателНиколај II, поклон за Александра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Музеј на уметноста Волтерс, Балтимор, САД
Година на стекнување1931
Дизајн и материјали
МастерХенрих Вигстрем
Употребен материјалзлато, емајл, дијаманти
Висина7,7 cm
Ширина5,9 cm
Изненадувањемедалјон со портрет на царскиот престолонаследник Алексеј (изгубен)

Јајце со плот и рози – едно од серијата од 52 украсни царски велигденски јајца изработени под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже. Јајцето било изработено во 1907 година за последниот руски цар, Николај II. Царот Николај ѝ го подарил јајцето на својата сопруга, Александра Фјодоровна за третата годишнина од раѓањето на нивниот син, престолонаследникот, Алексеј. Јајцето се наоѓа во „Музејот на уметноста Волтерс“ во Соединетите Американски Држави.[1].

Опис[уреди | уреди извор]

Јајцето е златно, покриено со бледозелен емајл и украсено со дијамантски плот и пупки рози, покриени со матиран, светло и темнорозов емајл, со смарагдни зелени лисја. На врвот и на основата на јајцето се наоѓаат крупни дијаманти. На долниот дијамант има натпис „1907“, додека натписот на горниот не е сочуван. Се претпоставува дека на горниот натпис се наоѓал монограм. [2]

Цената на јајцето била 8 300 рубли [3].

Изненадување[уреди | уреди извор]

Сурпризот (изненадувањето) од ова јајце е изгубен, но според истражувањата, тоа бил дијамантски медалјон со ликот на принцот Алексеј, насликан во акварел на слонова коска. [2].

Сопственост[уреди | уреди извор]

Царот Николај II ѝ го подарил ова јајце на својата сопруга Александра Фјодоровна на Велигден 1907 година во чест на тригодишнината од раѓањето на нивниот син Алексеј. По револуцијата, заедно со другите богатства на царското семејство, јајцето било конфискувано од страна на болшевиците. Во 1920 година јајцето се наоѓало кај рускиот емигрант во Париз Александар Половцов. Во 1930 година го купил Хенри Волтерс од Балтимор, САД. Подоцна јајцето му било завештано на „Музејот на уметноста Волтерс“, и од 1952 година се наоѓа во постојаната поставка на музејот. [4].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коллекция яиц Фаберже
  2. 2,0 2,1 „A detailed article on the Rose Trellis Egg from mieks.com“. Архивирано од изворникот на 2012-01-03. Посетено на 2017-04-16.
  3. „Rose Trellis Egg“. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2017-04-16.
  4. Яйцо Сетка из роз[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]