Катерина Велика (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катерина Велика
Година на изработка1914
НарачателНиколај II
ПримателМарија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
музеј Хилвуд
Дизајн и материјали
МастерХенрик Вигстрем
Употребен материјалзлато, емајл, дијаманти
Висина121 мм
ИзненадувањеКатерина Велика на столица (изгубен)

Катерина Великајувелирно јајце, едно од педесет и четирите велигденски царски Фабержеови јајца, изработени од фирмата Фаберже на Карл Фаберже за руското царско семејство.

Истото ѝ било подарок во 1914 година на царицата-мајка Марија Фјодоровна од нејзиниот син царот Николај II, кој имал отворена нарачка за две велигденски јајца секоја година, едно за неговата мајка и едно за неговата сопруга.

Јајцето го изработил Хенрик Вигстрем, „последниот главен мајстор на Фаберже“. Јајцето било изработено од злато и дијаманти поставено на шепи со канџи презентира панели од емајл обоени во камео стил со минијатурни алегорични сцени од уметностите и науките заснована на францускиот уметник Франсоа Буше.

Во писмото до својата сестра кралицата Александра од Англија, царицата-мајка го опишала јајцето:[1]

Тој (Николај II) ми напиша најшармантно писмо и ми подари најубаво велигденско јајце. Фаберже лично ми го донесе. Тоа е право „ремек-дело“ во розов емајл, а во него двајца црнци ја носат столицата во која седи царицата Катерина со мала круна на главата. Го навиваш и црнците одат: неверојатно е убаво и прекрасно дело. Фаберже е најголемиот гениј на нашето време и му реков: Vous êtes un génie incomparable (Вие сте неспоредлив гениј).

Изненадувањето на јајцето, опишано и како „механичка носилка која ја носат двајца црномурести со Катерина Велика која седи во неа, било изгубено.[2]

Тоа е дел од колекцијата Марџори Мериведер Пост во музејот Хилвуд во Вашингтон.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Habsburg, Geza von (1996). Fabergé: Fantasies & Treasures. London: Aurum Press. ISBN 978-1-85410-422-9.
  2. 2,0 2,1 „CATHERINE THE GREAT EASTER EGG | Hillwood Estate, Museum and Garden“. Hillwoodmuseum.org. 2002-08-19. Посетено на 22. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]