Копривничко-крижевачка жупанија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Копривничко-крижевачка жупанија
Koprivničko-križevačka županija
—  Жупанија  —

Грб
Копривничко-крижевачката жупанија (портокалово)
во Хрватска (светло жолта боја)
Главен град Копривница
Управа
 • Жупан Дарко Корен (ХСП)
Површина
 • Вкупна 1.746 км2
Население (2001)
 • Вкупно 124.467 жит.
Повикувачки број 048
ISO 3166 HR-06
Портал http://www.kckzz.hr/

Копривничко-крижевачката жупанија е жупанија во северозападниот дел на Хрватска. Прв жупан на Копривничко-крижевачката жупанија бил: Иван Станчер (1993 - 1997).

Население[уреди]

Копривничко-крижевачка жупанија[уреди]

Според пописот од 2001 година, жупанијата броела 124,467 жители (2,8% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 71 жител на km². Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 96%, Срби 1,9%, Словенци 0,1%, Роми 0,1%, Унгарци 0,1% и други.

Бројот на жители низ годините[уреди]

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 124,467 129,397 133,790 138,994 143,019 142,362 140,565 143,268 139,054 142,546 132,581 121,772 105,529 97,581 87,464

Извор[уреди]

  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Географија[уреди]

Копривничко-крижевачката жупанија се наоѓа во северозападниот дел на Република Хрватска. Со површина од 1,746 km², оваа е седумнаеста по големина жупанија во Хрватска според површината. Североисточниот дел на жупанијата го сочинува долината на реката Драва на која преовладува земјоделската дејност со значајни наоѓалишта на нафта и на земен гас. Поголеми населени места во овој простор се Копривница и Ѓурѓевац.

Економија[уреди]

Копривничко-крижевачката жупанија спаѓа во панонската регија. Земјоделскиот простор на жупанијата се состои од пет микрорегионални целини:

Подравскиот земјоделски басен и Прекодравље се подрачја со интензивно земјоделско производство. Останатите гранки на економијата се производството на млеко, производството на хмељ, сточарството, зеленчуковите култури и виноградарството.

Туризам[уреди]

Најважни дестинации во жупанијата се Галеријата на на наивната уметност во Хлебине, жупната црква Свети Ане, гркокатоличката катедрала на Светото Тројство и црквата на Свети Крст во Крижевци, историското средиште Крижевци, прехрамбениот музеј “Подравка” – Копривница, Стариот град Ѓурѓевац и Галеријата Лацковиќ – Батинска, стариот град Калник и Мал Калник.

Знаменитости[уреди]

На подрачјето на Копривничко-крижевачката жупанија има единаест заштитени делови од природата, кои завземаат површина од околу 5,550 ha.

  • Посебни резервати :
  • Парк шума: Жупетница
  • Заштитени предели:
    • Чамбина
    • Калник
  • Споменици на природата:
  • Споменици од парковната архитрктура:
    • Парк кај Основнато училиште ˝Владимир Назор˝, Крижевци
    • Парк кај земјоделското училиште во Крижевци

Надворешни врски[уреди]