Карлос Баредо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карлос Баредо

Баредо на Тур де Франс 2010.
Лични податоци
Цело име Карлос Баредо Ламазалес
Роден 5 јуни 1981 (1981-06-05) (33 г.)
Овиедо, Шпанија
Висина 1,77 м
Маса 61 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски велосипедист
Професионални клубови
2004–2006
2007–2010
2011–2012
ONCE
Квик Степ-Инерџетик
Рабобанк
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 етапа (2010)

Еднодневни трки и класици

Класика де Сан Себастијан (2009)
Последна промена
3 февруари 2014

Карлос Баредо Љамазалес (шпански: Carlos Barredo Llamazales; р. 5 јуни 1981 во Овиедо, Астурија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2004 до 2012. Тој бил суспендиран на два месеци на почетокот на сезоната 2011 како последица на тепачката со Руј Кошта по етапа на Тур де Франс 2010, кога Баредо го обвини Кошта дека возел опасно во последните етапи на трката, но подоцна се извини за неговите дела.[1]

Допинг[уреди]

Баредо бил суспендиран од Рабобанк на 18 октомври 2012, откако UCI отворил истрага за очигледните прекршоци на антидопинг правилата на основа на информација обезбедена од крвта во неговиот биолошки пасош.[2] Во декември таа година, за шпанскиот весник El Pais изјавил дека се повлекува од велосипедизмот и започнува да работи во кафуле во Мадрид.[3]

Достигнувања[уреди]

2004
Вуелта а Астурија
1. Етапа 3
2. Краен пласман Волта а Каталуња
2005
Планински пласман Три дена Де Пане
3. ГП Пино Керами
7. Краен пласман Енеко Тур
2006
Тур Даун Андер
1. Етапа 3
2007
5. Краен пласман Класика де Сан Себастијан
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
2008
5. ГП Лугано
8. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 5
2009
1. Краен пласман Класика де Сан Себастијан
2010
1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
9. Џиро ди Ломбардија
2011
2. Краен пласман Класика де Сан Себастијан
2012
3. Краен пласман Трка околу Белгија

Наводи[уреди]

  1. Брујнел суспендиран на два месеци за погрешните маички на Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 октомври 2010 (конс. 25 декември 2012).
  2. UCI бара истрага за допинг против Карлос Баредо“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 октомври 2012 (конс. 25 декември 2012).
  3. Баредо се повлекува по случајот на прекршување со неговиот биолошки пасо“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 декември 2012 (конс. 25 декември 2012).

Надворешни врски[уреди]