Звонко Богдан
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Звонко Богдан (5 јануари 1942 во Сомбор) е истакнат изведувач на народни тамбурашки и староградски песни од Војводина, Србија. Освен тоа што е славен пејач, тој е и композитор, сликар и џокеј, и ужива имиџ на боем и џентлмен. Живеел во Виена за време на 1990-тите години, и се вратил во Војводина по падот на Слободан Милошевиќ. Сега живее во Суботица.
Содржина |
Биографија [уреди]
Звонко Богдан е роден во Сомбор, кој во тоа време бил под унгарска окупација (Втора Светска војна), во семејство Буњевци.
Пее како негови така и традиционални песни (особено буњевски) во придружба на тамбураши. Некои од песните ги компонирал самиот (како Хеј салаши на северу Бачке). Има и песни на унгарски и ромски.
На неговите изведби го придружуваат ансамблите „Тамбурашки оркестар Јанике Балажа“ од Војводина и „Загребачки тамбураши“ од Хрватска. Звонко Богдан е сѐ уште многу активен и изведува во Војводина и Хрватска, како и ширум светот каде живеат луѓе од тие краишта.
Некои од неговите најпопуларни песни се:
- „Хеј салаши на северу Бачке“
- „Осам тамбураша с Петроварадина“
- „Већ одавно спремам свог мркова“
- „Не вреди плакати“
- „Говори се да ме вараш“
- „Крај језера једна кућа мала“
- „Фијакер стари“
- „Прошле су многе љубави“
- „Ко те има, тај те нема“
- „У Сомбору педесет и неке“
- „У тем Сомбору“
- „Купићу ти ципелице“
Дискографија [уреди]
- 1973: „Звонко Богдан“
- 1973: „Бисери народне музике“
- 1974: „Звонко Богдан пева за Вас“
- 1976: „Што се боре мисли моје“
- 1981: „Звонко Богдан и тамбурашки оркестар Јанике Балажа“
- 1984: „Леголас“
- 1980: „Звонко Богдан“
- 1984: „Песме и песници“
- 1990: „Звонко Богдан“
- 2001: „Живот тече у лаганом ритму“
- 2003: „Раритети“
Музика [уреди]
-
Осам тамбураша с Петроварадина Звонко Богдан и тамбурашки оркестар Пролазе ноћи, мучим се ја Звонко Богдан и тамбурашки оркестар - Не можете да ја чуете снимката? Видете помош со снимки.

