Залив Пленти
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Околина Залив Пленти Регионален Совет на Залив Пленти |
|
| Земја: | Нов Зеланд |
| Регионален Совет | |
|---|---|
| Име: | Околина Залив Пленти |
| Претседавач: | Џон Кронин |
| Население: | 262,900 јуни 2006 |
| Површина: | 12,277km² |
| Веб-сајт: | http://www.envbop.govt.nz |
| Градови | |
| Поголеми: | Тауранга, Роторуа, Факатане |
| Помали: | Те Пуке, Танеатуа, Еџкамб, Опотики, Каверау, Мурупара, Охопе, Матата, Макету, Нгонготаха |
| Составни административни единици | |
| Називи: | Град Тауранга Дел од Округ Роторуа Округ Факатане Округ Западен Залив Пленти Округ Каверау Округ Опотики Дел од Таупо |
| Веб-сајтови: | http://www.tauranga.govt.nz http://www.rdc.govt.nz http://www.whakatane.govt.nz http://www.wbopdc.govt.nz http://www.kaweraudc.govt.nz http://www.odc.govt.nz |
Заливот Пленти (англ. Bay of Plenty, маор. Te Moana-a-Toi; значи: „Залив на Изобилството“), е регион на Северниот Остров на Нов Зеланд сместен околу истоимениот залив. Најголемиот град е Тауранга, во неговиот западен крај.
Содржина |
Самиот залив [уреди]
Заливот се протега од основата на заливот Коромандел на запад, па сѐ до 'ртот Ранавеј на исток. Регионот го граничат планинските венци Каимаи и Мамаку на запад и оди навнатре до ретко население шумовити предели околу Роторуа, Каверау и Мурупара. Во заливот има неколку острови, меѓу кои Мајоров Остров/Тухуа, Мотити, Китски Остров и активниот вулкан Факаари/Бел Остров.
Заливот бил именуван од Џејмс Кук во ноември 1769. Му го дал името Залив на Изобилството заради обилните количества храна кои ги нашол посетувајќи крајбрежни маорски села.
Регионот [уреди]
Регионот според податок од 2006 брои 262,900 жители, кое би нараснало на 277,900 до 2011 год. Два града се доминантни: Тауранга (111,500) и Роторуа (54,800). Другиу градовиво регионот се Те Пуке, Каверау, Катикати и Опотики. Главни стопански гранки во регионот се земјоделството и туризмот, со тоа што прилично популарна атракција е геотермичкиот регион околу Роторуа.
Регионот е шумовит, кои дрва се користат за дрвната индустрија, а друга голема гранка е земјоделството. Климата на крајбрежните предели е речиси тропска, влажна и топла во најголемиот дел од годината, но повнатре околу Роторуа просечната температура е за 2 С° пониска. Важни култури се кивито, јаболкото, авокадото и дрвената граѓа. Како и низ цел Нов Зеланд, овчарството е често, но сѐ повеќе и говедарството е во подем.
Заради потребата од пренесување на дрвени трупци до пристаништето во Тауранга се забележува развој во транспортната мрежа. Железничка линија постои помеѓу Таурнга и регионот Ваикато, па сѐ до источните заливи. Линијата служи само за товарни возови.
Демографија [уреди]
Во пописот од 2006 севкупното население на регионот Залив Пленти изнесувало 257,379.
Од нив, 28% се изјасниле како маори. 23% биле под 15 годишна ворзаст, а 3.9% биле невработени.
Најголеми населени места [уреди]
- Тауранга 111,500
- Роторуа 54,900
- Факатане 18,850
- Каверау 7,100
- Те Пуке 7,050
- Опотики 4,000
- Катикати 2,950
Наводи [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Залив Пленти“ |
- Субнационална пресметка на број на население: на 30 јуни 2006, Статистика Нов Зеланд. (англиски)
- Таблици на регионално население, попис 2006, Статистика Нов Зеланд. (англиски)
|
||||||||||||||