Статистика Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Статистика Нов Зеланд
Statistics New Zealand
Те Тари Татау
Statisticsnewzealand.png
Лого на Статистика Нов Зеланд
Податоци за органот
Држава Нов Зеланд
Седиште Statistics House, The Boulevard, Harbour Quays, Wellington
41°16′39.87″ ЈГШ 174°47′03.57″ ИГД / -41.277742, 174.784327
Раководител Џеф Басканд
(Владин статистичар)
Портал
http://www.stats.govt.nz/

Статистика Нов Зеланд (анг. Statistics New Zealand, маор. Te Tari Tatau) е државен завод во Нов Зеланд задолжен за официјалната статистика во земјата, овластен со закон од 1975 г. Сѐ до 1994 г., заводот се водел под името Department of Statistics. Министерот за статистика на Нов Зеланд е Морис Вилијамсон.

Должности[уреди]

Покрај општата управна улога, заводот извршува голем број на статистички програми меѓу кои и петтогодишен попис. Голем дел од добиената статистика е достапна бесплатно на нивната веб-страна. Покрај ова, заводот воспоставува статистички класификации и стандарди за Нов Зеланд, и врши постојани истражувања за и развој на релевантни статистички методи. Заводот исто така пружа техничка помош на земјите во развој од Пацифичкиот Обрач, со особена задршка Пацифичките островски земји. Статистика Нов Зеланд е задолжена за водство на развојот и промовирањето на сите владини статистики кои го сочинуваат официјалниот статистички систем на Нов Зеланд.

Владини статистичари[уреди]

Генералниот директор на Статистика Нов Зеланд се нарекува „Владин статистичар“ (Government Statistician).

Авторски права[уреди]

Веб-страницата на Статистика Нов Зеланд изјавува дека: „Податоците добиени од Статистика Нов Зеланд можат слободно да се користат, умножуваат и наведуваат, освен ако не е назначено поинаку. Во секој случај, Статистика Нов Зеланд мора да биде наведена како извор на податоците“.[2]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Назначување на генералниот директор и владин статистичар на Статистика Нов Зеланд“, извештај за медиумите од комесарот на државните служби Марк Пребл, 21 мај 2007; пристапено на 10 јуни 2007. (англиски)
  2. англиски оригинал: Information obtained from Statistics New Zealand may be freely used, reproduced, or quoted unless otherwise specified. In all cases Statistics New Zealand must be acknowledged as the source.