Еритреја првпат учествувала на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј каде испратила три натпреварувачи кои се натпреварувале во атлетските дисциплини. На Летните олимписки игри 2004 во Атина, Зерсенај Тадесе и го донел првиот медал на Еритреја од Олимписките игри, освојувајќи го бронзениот медал на трката на 10.000 метри.