Ендоплазматичен ретикулум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Микрофотографија на грануларен ендоплазматичен ретикулум околу јадро (кое се наоѓа во долниот десен агол). Темните мали кругови се митохондрии.

Ендоплазматичниот ретикулум (латински: reticulum-мрежа) е универзална органела која во клетката е претставена со систем на мембрански структури, кои најчесто се поврзани и формираат мрежа. Испреплетените мембрански структури на ендоплазматичниот ретикулум во цитоплазмата, овозможуваат континуитет со јадрената мембрана, со мембраните на Голџи системот и на другите органели.

Површината на мембраните на Е.П.Р. може да биде со рибозоми или без нив, па според тоа разликуваме груб (зрнест, грануларен) ендоплазматичен ретикулум и мазен (агрануларен) ендоплазматичен ретикулум, соодветно.

Е.П.Р. претставува внатрешноклеточен циркулаторен систем, низ кој се пренесуваат протеините, јаглехидратите и други материи. Зрнестиот Е.П.Р. учествува во синтезата на протеините.

Подобро е развиен ендоплазматичниот ретикулум во клетките кои покажуваат поголема активност, како на пример, во клетките на мускулите, а кај младите недиференцирани клетки (ембрионални и творни) е послабо развиен.