Пластид
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Пластидите се карактеристични органели само за еукариотските растителни клетки и некои протисти (како алгите), а ги нема во животинските, габните или прокариотските. Според ендосимбиотската теорија, пластидите се резултат на еволуција на симбиозата помеѓу растителните клетки и фотоавтотрофни бактерии.
Генетски Материјал[уреди]
Пластидите се органели кои поседуваат сопствена ДНК, што значи дека тие се полу-автономни. Пластидиалната ДНК се разликува од јадрената ДНК и од митохондриалната ДНК, со поголемата присутност на цитозин и гванин. Кружната пластидиална ДНК е со должина од 0,04 до 0,3 милиметри.
Класификација на пластидите[уреди]
За прв пат пластидите подетално ги проучува Шимпер, кој го дава и името на овие органели (од грчките зборови plasticos, plastos = образува, оформува). Од Шимпер е предложена и првата класификација на пластидите според пигментацијата, која е во употреба и денес:
Пластидите кои содржат пигменти се познати и како хроматофори. За разлика од Шимпер, Матиенко смета дека по правилно би било пластидите да се поделат на две групи, и тоа:
- Безбојни пластиди - леукопласти
- Пигментирани (обоени) пластиди - хромопласти
- Хлоропласти
- Каротеноидопласти.
Особини на пластидите[уреди]
Трите видови на пластиди, бидејќи се сродни структури, во одредени услови можат да се трансформираат од еден во друг вид. Според Шимпер, се мисли дека пластидите се трансформираат по цикличен тек. На пример, леукопластите кај компирот, под дејство на сончевата светлина, се трансформираат во хлоропласти, додека при зреење на зелените плодови, хлоропластите преминуваат во хромопласти.
Меѓутоа, од поновите проучувања е докажано дека преминувањето на пластидите од еден во друг вид нема цикличен карактер, бидејќи претставува монотропен (едносмерен) процес:
Различните видови на пластиди имаат свои специфични и карактеристични својства, меѓутоа општо и заедничко за сите пластиди е тоа што имаат двојна пластидијална мембрана која го оддвојува матриксот (стромата) на пластидот од цитоплазмата.
Основната функција на пластидите се состои во способноста за продукција на органски материи и способност за нивно складирање во вид на инклузија како резервни материи.