Цитоскелет
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Цитоскелетот претставува мрежеста структура изградена од протеински фибрили (нишки). Цитоскелетот во голема мера го определува обликот на клетката и служи како еден вид скелет што го одредува распоредот на клеточните органели. Учествува во клеточното движење, во движењето на хромозомите за време на клеточната делба и во контракцијата на мускулните клетки.

