Екосистемска екологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Под екосистемска екологија се подразбира заедничкото проучување на биотичките и абиотичките составни делови на екосистемите и нивните заемодејства во рамките на проучуваниот екосистем. Оваа наука истражува како функционираат екосистемите и тоа го поврзува со нивните составни делови, како што се хемиските соединенија, карпите, почвата, растенијата и животните.

Екосистемската екологија ги истражува физичките и биолошките структури и испитува на кој начин овие екосистемски одлики заемодејствуваат еден со друг. Ова ни помага да разбереме како да ги одржуваме висококвалитетната вода за пиење и производството на економски вијабилен комодитет. Екосистемската екологија е главно насочена кон функционалните процеси, еколошките механизми кои ја одржуваат структурата и добрата произведени од страна на екосистемите. Тука припаѓаат примарната продукција (производство на биомаса), разградувањето и трофичките заемодејства.

Истражувањата на екосистемската функција во голема мерка го подобрија сфаќањето на човекот за одржливото производство на фуражни култури, влакна, горива и добивање на вода. Функционалните процеси се посредувани од регионалните до локалните клима, нарушувања и менаџмент (управување). Според ова, екосистемската екологија дава моќна рамка за препознавање на еколошките механизми кои заемодејствуваат со глобалните проблеми на животната средина, особено глобалното затоплување и деградацијата на површинските води.

Овој пример покажува неколку важни аспекти на екосистемите:

  1. Границите на екосистемот се често небулозни и можат да флуктуираат низ времето;
  2. Организмите во екосистемите се зависни од биолошките и физичките процеси кои се одвиваат на екосистемско ниво;
  3. Соседните екосистеми тесно заемодејствуваат и често се меѓузависни во однос на одржувањето на структурата на заедницата и функционалните процеси кои ја одржуваат продуктивноста и биоразновидноста.

Овие одлики исто така наметнуваат и практични проблеми во управувањето со природните добра. Кој ќе го управува кој екосистем? Дали сечата на дрвја во шумата ќе го наруши спортскиот риболов во потоците? Овие прашања се тешки за управувачите на земјиште додека границата меѓу екосистемите останува нејасна; дури и ако одлуките во еден екосистем ќе влијаат на друг. Потребно е подобро разбирање на заемодејствата и меѓузависностите на овие екосистеми и процесите кои ги одржуваат пред да започнеме да ги поставуваме овие прашања.

Екосистемската екологија е интердисциплинарна наука. Еден екосистем се состои од популации од организми кои заемодејствуваат во рамките на заедниците и придонесуваат во кружењето на хранливите материи и протокот на енергија. Екосистемот е основната единица на проучување во екосистемската екологија.

Популацијата, заедницата и физиолошката екологија ги обезбедуваат многу од биолошките механизми кои влијаат на екосистемите и процесите кои тие ги одржуваат. Кружењето на енергијата и материјата на екосистемско ниво често се истражуваат во екосистемската екологија, но во целина, оваа наука се дефинира повеќе од субјективен аспект. Екосистемската екологија ги проближува организмите и абиотичките пулови од енергија и хранливи материи како еден интегриран систем кој ги разликува од поврзаните науки како биогеохемијата.[1]

Биогеохемијата и хидрологијата се фокусираат на неколку фундаментални екосистемски процеси, како биолошки посредуваното хемиско кружење на хранливите материи и физичко-биолошкото кружење на водата. Екосистемската екологија ја образува механистичката основа за регионалните или глобалните процеси пропратено со пределната до регионалната хидрологија, глобалната биогеохемија и науката за Земјата како систем.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Chapman, S.K., Hart, S.C., Cobb, N.S., Whitham, T.G., and Koch, G.W. (2003). "Insect herbivory increases litter quality and decomposition: an extension of the acceleration hypothesis". in: Ecology 84:2867-2876.