Егит Паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Егит Паша или Јигит Паша (турски: Yigit Paşa) — старо скопско маало.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Маалото било прилично големо и се простирало на левиот брег на реката Вардар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 500 метри источно. Западно од него било маалото Ибни Пајко, додека пак источно Ибни Коџаџик.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, дел од некогашното маало.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било мешано со христијанско и муслиманско население, односно имало 62 христијански и 40 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи муслимани, со 12 новороденчиња и 155 мажи христијани со 31 новороденче. Исто така имало и 7 мажи муслимани и 11 мажи христијани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 588 жители и било трето по големина.[1][2]

Сегашност[уреди | уреди извор]

Денес ова маало е целосно урбанизирано и неговите некогашни граници во целост се наоѓаат во еден единствен блок. Тој блок се протега источно од улицата „Стив Наумов”, јужно од булеварот „Гоце Делчев” и западно од булаварот „Крсте Петков Мисирков”. Во јужниот дел се простира кејот „Димитар Влахов” и плоштадот „Пресвета Богородица”. Тука се наоѓа и црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“. Други објекти коишто се наоѓаат тука се: управната зграда на А1 Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, ресторан „Стара Куќа”, OОУ „Свети Кирил и Методиј” и Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.