Капуџи Хамза

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Капуџи Хамза (турски: Kapıcı Hamza) — старо скопско маало.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Маалото се наоѓало јужно од Хаџи Јонус и северно од Уруч Паша, на крајниот западен дел од тогашното Скопје, покрај муслиманските гробишта на Гази Баба. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1500 метри североисточно.

Историја[уреди | уреди извор]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 80 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 134 мажи муслимани, со 26 новороденчиња. Исто така имало и 22 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Имало и само едно христијанско[1] домаќинство, без новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 368 жители.[2]

Сегашност[уреди | уреди извор]

Денес на местото на маалото има многу густо збиени куќи и тука поминува улицата „7 албанска бригада”.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.