Мурадије

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Мурадије (турски: Muradiye) — старо скопско маало.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Маалото се протегало северно од ТЦ „Мавровка“ и западно од Правниот факултет „Јустинијан Први“. На запад биле маалата Хоџа Шемс и Ине Бег, додека пак на исток Хаџи Таџедин и Џами Атик. Од плоштадот Македонија било оддалечено 855 метри североисточно.

Историја[уреди | уреди извор]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 9 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 80 жители.[1]

Сегашност[уреди | уреди извор]

Денес низ ова некогашно маало поминува булаварот „Крсте Петков Мисирков“. Тука се наоѓаат и автобуските постојки Битпазар 1 и Битпазар 2.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.