Државен код на главен интернет домен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Кодот на Македонија на интернет е „.mk“.

Државен код на главен интернет домен или Интернет домен на државата е највисокиот хиерархиски домен на именската интернет адреса кој се доделува на една држава; т.е. последните две букви од интернет адресата.

Сите државни интернет кодови се долги две букви, ги доделува Агенцијата за доделување на броеви на интернет (IANA)[1] според упатството РФЦ 1591 кое кореспондира со стандардот ИСО 3166-2 алфа-2 со неколку исклучоци.[2][3]

Државите имаат национален опслужувач на државниот интернет домен, кој ги доделува имињата со државниот суфикс, и ги насочува пребарувањата на адреси со тој државен суфикс.

Државниот код за Македонија е .mk и улогата на доделување на интернет имиња со врвен домен „.мк“ му е делегирана на Марнет.

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици