Дон Омар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дон Омар
Биографски податоци
Родено име Вилијам Омар Ландрон Ривера
Познат(а) и како Ел Реј
Роден(а) 10 февруари 1978 (1978-02-10) (36 г.)
Потекло Порторико
Жанрови Регетон, поп, рап, R&B
Занимања пејач-композитор, текстописец, актер, рапер
Период на активност 1999–се уште
Издавачи Orfanato Music Group (Своја продукциска куќа)
VI Music
Universal Music Latino
Machete Music
Мреж. место Don Omar

Дон Омар (роден како Вилијам Омар Ландрон Ривера на 10 февруари 1978[1]), е порторикански регетон, пејач-рапер и актер. Понекогаш е нарекуван според неговиот прекар Ел Реј (шпански: "Кралот").

Ран живот[уреди]

Вилијам Омар Ландрон Ривера е најстариот син на Вилијам Ландрон и Луз Антонија Ривера. Израснал во Сантурс, населба во Вила Палмерас областa на Сан Хуан, Порторико. Од рана возраст, тој покажува интерес за музиката на Vico C и Brewley MC. Во текот на својата младост, бил активен член на протестантската црква, во Бајамон каде што повремено давал проповеди. Сепак, по четири години, тој ја напуштил црквата за може да се посвети на пеењето.[2]

Кариера[уреди]

Неговиот прв јавен настап бил ноќен клуб каде што бил придружуван од DJ-от Елиел Линд Осорио. Потоа редовно се појави на компилациите албуми од популарните диџеи и продуценти вклучувајќи го и Luny Tunes, Noriega, и диџеј Ерик. Исто така, работел како резервен пејач за дуото Hector & Tito. Еден од членовите, Хектор Делгадо му помогнал за неговиот прв соло албум.[2]

Дон Омар ја зголемил славата со издавањето на својот прв студиски албум, The Last Don. И студио верзијата и изданието во живо се сертифицирани платиниумски од страна на здружението на музичките сниматели на Америка. The Last Don, последниот Дон: Live [CD и DVD] има продадено над еден милион копии во светот, според неговата официјална веб страница. Тој добил награди за Латински поп албум на годината и Нов изведувач и латино-американски рап / хип-хоп албум на годината од страна на Билборд Латинските Музички Награди во 2003 година. The Last Don Live [CD и DVD] исто така беше номиниран за урбан музички албум во 2005 година на Латинските Греми Награди.

Во мај 2006 година албумот King of Kings, постигнал највисок пласман во историјата во првите 10 американски топ листи, со своето деби на првото место на Latin sales chart и прво место на Billboard Latin Rhithm Radio Chart со синглот "Angelito". [3]

Со највисок пласман на реге уметникот , King of Kings на Дон Омар се искачил на 7 место со 74.000, победувајќи го Daddy Yunkees со 24 место во 2005 година со "Barrio Fino En Directo". Во април 2007 година, Дон Омар добил награда за латински реге албум на годината за King of Kings. Билбордите признаваат дека King of Kings беше најуспешен албум на деценијата во Латинска Америка, освен што е еден од најуспешните во историја од жанрот реге, Билбордите проценуваат дека албумот е со над 4,1 милиони продадени копии до крајот на 2009 година.[4]

Песната на албумот "Salió El sol" е опремена во видео играта Grand Theft Auto IV. Песните "Los Bandoleros" и "Conteo" беа поставени во филмот Fast and the Furious.

Дон Омар учествувал во презентацијата на Гилберто Санта Роса на еден настан со наслов "Concierto del Amor", презентиран во Медисон Сквер Гарден на 9 февруари 2008 година. Тој настапил на затворањето на настанот изведувајќи реге теми.[5]

Третиот студиски албум на Дон Омар, iDon, бил издаден на 28 април 2009 година. Овој албум е посветен на неговиот братучед Коредел Браун. Хитот "Virtual Diva" станал еден од најбараните песна на латинските радио станици.[6][7] Вториот официјален сингл со наслов "Sexy Robotica", беше издадена на 6 јули 2009 година.

Албумот Meet The Orphans беше издаден на 16 ноември 2010 година. На албумот се појавуваат уметниците од орфанто музичката група и други реге уметници. Албумот вклучува промотивен сингл, Hasta Abajo и најдобриот сингл на албумот Danza Kuduro со португалско-францускиот пејач Лученцо, како и со Orfanato музичката група уметници вклучувајќи ги Кендо Капони, Суко, Plan B , Zion & Lennox, Yaga & Mackie и Дани Форнарис. Тој е потпишан со продукциската куќа VI Музика и Machete музика преку Universal Music латино.

Албумот на Дон Омар, The New Generation беше објавен на 1 мај 2012 година. На албумот се појавува Нати Наташа, како и многу други уметници и други реге уметници како Zion Y Lennox. Албумот ги вклучува сингловите Hasta Que Salga El Sol и Dutty Love со појавување на Нати Наташа. На албумот исто така, има соработки со Хуан Маган, Мимс, Суко, Вини ел Вендито и Јунел Круз. Албумот беше добро прифатен и е на врвот од продажбата на iTunes.

Личен живот[уреди]

Вилијам Омар Ландрон е татко на четири деца. Тој се оженил со новинарката Џеки Гуеридо на 18 април 2008 година[8] Гласини за развод го опколија парот после две години во брак со коментарите на Ландрон направени преку Твитер.[9] Во март 2011 година, се дознало дека парот се развеле.[10]

Контроверзии и правни прашања[уреди]

На 18 септември 2007 година, Дон Омар накратко бил уапсен во Санта Круз де ла Сиера, Боливија поради судски спор. Боливискиот концерт промотор го тужел него и некои од неговите менаџери, откако тој го откажал концертот закажан за почетокот на таа година во Ла Паз, како дел од меѓународната турнеја.[11][12][13] Организацијата тврди дека имале оштета од 70.000 американски долари што се должи на откажувањето. Ландрон одговорил дека тој го откажал концертот поради тоа што компанијата не обезбедила авионски билети навреме.[13] Случајот бил поставен пред локалниод суд, двете страни постигнале договор.[13] На Ландрон му беше дозволено да ја напушти земјата, за да се појави на претходно закажан настап на аргентинската телевизија во Буенос Аирес и се врати следниот ден да се одржи неговиот концерт на фудбалкиот стадион во Санта Круз.

Дискографија[уреди]

Студиски албуми[уреди]

  • 2003: The Last Don
  • 2006: King of Kings
  • 2009: iDon
  • 2010: Don Omar Presents: Meet the Orphans
  • 2012: Don Omar Presents MTO²: New Generation

Во живо / специјални изданија[уреди]

  • 2004: The Last Don Live
  • 2006: The Last Don: The Gold Series
  • 2006: King of Kings: Armageddon Edition
  • 2007: King of Kings Live

Компилациски албуми[уреди]

  • 2005: Don Omar Presenta: Los Bandoleros
  • 2005: Da Hitman Presents Reggaetón Latino
  • 2006: Don Omar Presenta: Los Bandoleros Reloaded
  • 2007: Don Omar Presenta: El Pentágono

Филомографија[уреди]

Година Наслов Улога
2009 Los Bandoleros Омар Сантос
2009 Fast & Furious[14][15] Омар Сантос
2011 Fast Five Омар Сантос
2013 Fast Six Омар Сантос

Наводи[уреди]

  1. Don Omar at AOL Music. Music.aol.com. Retrieved on 2012-01-29.
  2. 2,0 2,1 Biografías, Prpop.org. Retrieved on 2012-01-29.
  3. "Don Omar On Top of Charts with ‘King of Kings’ Debut". Latinrapper.com. Retrieved on 2012-01-29.
  4. King of Kings Album Reviews, Billboard. Retrieved on 2012-01-29.
  5. Tirado, Frances (25 јануари 2008). „Don Omar y Gilberto Santa Rosa juntos en concierto del amor“. Primera Hora. http://web.archive.org/web/20090317190203/http://www.primerahora.com/noticia/musica/espectaculos_asi/don_omar_y_gilberto_santa_rosa_juntos_en_concierto_del_amor/150846. конс. 29 јануари 2008. 
  6. Entertainment as a Second Language with Carlos Santos.
  7. „Orfanato Music Group es el sello de Don Omar“. „Wikiton Magazine“. 25 јуни 2008. http://www.wikiton.net/orfanato-music-group-es-el-sello-de-don-omar. конс. 25 јуни 2008. 
  8. "Our Wedding Will Be a Fairy Tale" People en Espanol. February 21, 2008. Retrieved April 1, 2008
  9. Don Omar amenaza a Jackie Guerrido en Twitter. People en Espanol. February 7, 2011. Retrieved April 5, 2011
  10. "Jackie Guerrido y Don Omar ya están divorciados". People en Espanol. March 27, 2011. Retrieved April 5, 2011
  11. Maderazo, Jennifer Woodard. "Don Omar Detained and Released in Bolivia", Vivir Latino, 19 September 2007.
  12. "Cantante 'Don Omar' recobra libertad en Bolivia", El Mercurio Online, 18 September 2007.
  13. 13,0 13,1 13,2 „Flash!“ (на Spanish). „Don Omar: Pasa horas detenido“. Puerto Rico: El Nuevo Día. 2007-09-19. стр. 103. 
  14. Brunton, Richard. (2006-05-26) Don Omar in new Fast and the Furious film. Filmstalker.co.uk. Retrieved on 2012-01-29.
  15. Don Omar starring alongside Vin Diesel

Надворешни врски[уреди]