Долно Градиште (Филиповци)

Координати: 42°02′42″N 22°03′22″E / 42.04500° СГШ; 22.05611° ИГД / 42.04500; 22.05611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Градиште


Местоположба 42°02′42″N 22°03′22″E / 42.04500° СГШ; 22.05611° ИГД / 42.04500; 22.05611
Основни податоци
Место Филиповци
Општина Кратово
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Долно Градиштеградиште од доцноантичкиот период во атарот на селото Филиповци, Македонија. Помеѓу Туралевски Дол и Крива Река, на висок планински гребен се наоѓа долго и тесно плато со димензии од 150 на 70 метри, на кое има остатоци од бедем што го оградувал градиштето. Зачувани се само темелите градени од камен и варов малер. Во внатрешноста на тврдината, на повеќе места се гледаат контури на помали објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Градиштето е делумно оштетено со вадење на градежен материјал од бедемот и објектите. На јужното подножје на ридот, кај месноста Герани се откриени повеќе гробови во кои се пронајдени неколку керамички садови и неколку монети. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 188. ISBN 9989-649-28-6.