Густав (крокодил)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Густав е огромен нилски крокодил кој живее во Бурунди. Се проценува дека е долг одприлика 7 метри и дека тежи околу 1,3 тона. Овој крокодил се смета за најголемиот крокодил кој е виден во Африка[1]. Густав е озлогласен човекојаден крокодил, за кој се зборува дека има 300 жртви, најчесто од бреговите на реката Рузизи и северните брегови на езерото Тангањика. Иако оваа бројка се смета за преувеличена, Густав се има здобиено со речиси митски статус кај локалното население. Постојат тврдења дека Густав ги лови жртвите, а потоа ги остава телата не изедени[1].

Густав го добил името од Патрис Фаје (Patrice Faye), француски граѓанин на Бурунди кој се сметал себе за природонаучник и кој бил во потрага по Густав од 1998 година. Фаје и неговиот тим пробале да го фатат овој крокодил во 2002 година, поставувајќи огромна замка, но крокодилот не само што ја избегнал туку изгледало и како да се подсмева на тимот[2]. Овој обид за фаќање на Густав е опфатен во документарецот наречен „Фаќајќи го крокодилот убиец“ (Capturing the Killer Croc) кој бил емитуван на PBS во мај 2004 година[3].

Според неговата големина, се проценува дека Густав е стар најмалку 100 години (просечна старост на нилски крокодил е 45 години), но според отисокот од забите неговата старост се проценува на 65 години. Последен пат бил забележан во февруари 2008 година од извори на National Geographic[1]. Познат е по неколкуте впечатливи лузни од куршуми : една на неговата глава и 3 на десната страна од телото.

Во делови на Азија и Австралија постојат 6 метарски морски крокодили (Crocodylus porosus) кои се лесно забележливи, а исто така се пријавени и индивидуи со должина од 7 метри. Во источна Индија, Гинисовата книга на рекорди го потврдила постоењето на индивидуа долга 7 метри. Според ова, Густав не е со исклучителна должина споредено со останатите крокодили, но е многу поголем од просечниот нилски крокодил.

Поради неговата колосална големина тој е речиси неспособен да лови мал плен како мали цицачи и риби, па затоа напаѓа голем плен како диви свињи, луѓе и зебри. Според еден чувар, Густав убил и изел возрасен нилски коњ[4], кој вообичаено е способен да преполови помал крокодил.

Наводи[уреди]

[1]

Надворешни врски[уреди]

Видете исто така[уреди]