Грб на Канада

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Канада
Coat of arms of Canada rendition.svg
Подробно
Усвоен 21 ноември, 1921
Мото desiderantes meliorem patriam (сакаат подобра земја)

Кралскиот грб на Канада го прогласил кралот Џорџ V на 21 ноември, 1921. Канадскиот грб многу е сличен и изработен по моделот на грбот на Велика Британија, т.с Обединетото Кралство.

Симболи[уреди]

Основниот штит на грбот носи симболи на Англија (три лавови и три леопарди), Шкотска (црвен лав и рамка на жолта позадина), Ирска (златна харфа) и Франција (жолти лалиња на сина позадина), што укажува на историските врски со Велика Британија и Франција. Долниот дел на штитот е карактеристично канадски - три јаворови листови на гранчиња, со црвена (првобитно зелена) боја

Траката околу штитот го носи мотото на Редот на Канада desiderantes meliorem patriam (сакаат подобра земја), затоа што Кралицата е суеверна на тој ред.

Шллемот на штитот е кралскиот шлем во златна боја и боите на Канада.

Лавот над шлемот е кралскиот лав кој го држи симболот на Канада, јаворовиот лист, и како таков се наоѓа на знамето на Генералниот гувернер на Канада, симболизирајќи го неговото крунисување

Држачите на штитот се Англискиот лав и Шкотксиот еднорог, кој ја го држи знамето на Велика Британија и знаме со стари француски симболи.

Долната трака го носи мотото на Канада a mari usque ad mare (од море до море).

Цветните мотиви под штитот и претставуваат националните цветови на Англија, Шкотска, Ирска и Франција