Грб на Хаити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Хаити

Грбот на Хаити е првпат прогласен на 1807 година а во сегашниот облик се појавува од 1986 година.

На грбот се наоѓа знамето на Хаити на јарболи, поставени еден над друг под палми на зелена трева. Покрај знамињата се наоѓаат топови. На тревата се наоѓаат реалистични предмети, како тапан, пиштоли и сидра. Над палмите се наоѓа фригијска капа, симбол на слободата.

Траката околу грбот го носи мотото на Хаити: L'Union Fait La Force (Француски јазик: "Единството ја сочинува силата").