Грајфсвалдски универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грајфсвалдски универзитет
Ernst-Moritz-Arndt-Universität Greifswald
University of Greifswald logo.png

лат. Universitas Gryphiswaldensis
Гесло: Wissen lockt. Seit 1456.
(Знаењето привлекува. Од 1456.)
Основан: 1456, Свето римско царство
(предавања од 1436)[1]
Тип: јавен
Ректор: Ханелоре Вебер (352.)
Кадар: 5.400[2] (2008)
Студенти: 12.300[3] (10/2009)
Локација: Грајфсвалд, Мекленбург-Западна Померанија, Германија
(54°05′40.69″ СГШ 13°22′28.65″ ИГД / 54.094638, 13.374626 )
Кампус: урбан
Прекар: EMAU
Афилијации: CBUR, DAAD, DFG, EUA, HRK
Мреж. место: www.uni-greifswald.de
EMAU-Logo.png
Главната зграда (Hauptgebäude) била изградена помеѓу 1747 и 1750. Денес е седиште на Ректоратот и некои делови од универзитетската администрација, како и барокното собрание.

Грајфсвалдски универзитет (службено Универзитет Ернст Мориц Арнт Грајфсвалд; германски: Ernst-Moritz-Arndt-Universität Greifswald) — јавен истражувачки универзитет, сместен во Грајфсвалд, Германија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Основан во 1456 (со предавање постои од 1436[4]), тој е е еден од најстарите универзитети во Европа, со генерации на познати дипломци и наставен кадар, кои студирале или работеле во Грајфсвалд. Како четврти најстар универзитет во денешна Германија, додека привремено бил најстар универзитет во рамките на Кралствата Шведска (1648–1815) и Прусија (1815–1945), соодветно. Околу две третини од 12.000 студенти доаѓаат надвор од покраината. Поради атмосферата на мал град, присуството на студентите од самиот универзитет е многу изразено, па поради тоа, Грајфсвалд често е опишуван како „универзитет со град изграден околу него“, наместо град со универзитет.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]