Гондола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гондола во Венеција
Гондола на докот Св.Марко на фотографија од 19 век од Карло Наја

Гондола (италијански gondola) е чамец за пловидба на плитки води и е единствен во Венеција и нејзините бројни канали со што го симболизира угледот на романтичен град. Потеклото на зборот гондола никогаш не е точно утврден и покрај многуте интересни теории[1].

Изглед[уреди]

За изградба на гондола се употребуваат осум различни видови дрво (лимон, ариш, бука, бор, вишна, орев, брест и махагон) и истата се состои од 280 делови[2]. Нејзиниот асиметричен облик овозможува лесно управување со само едно весло со кое гондолиерот весла стоејќи на крмата. Левата страна од гондолата е направена подолга од десната за точно 24cm со цел да се створи рамнотежа поради телесната тежина на гондолиерот.

Сите се долги точно 10.87 метри и 1.42 метар широки.

Постојат повеќе видови гондоли:

Историја[уреди]

Во писмото на војводата Фалиере од 1094 година за прв пат се спомнува гондолата која тогаш, како и денес, се употребувала за превоз на патниците низ градот. Во 18 век низ каналите од градот пловеле можеби околу 14.000 гондоли што значи дека Венеција била еден од најпрометните водени патишта во светот. Денес од нив се останати околу 500 и претставуваат најчесто туристичка атракција.

Галерија на слики[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]