Голтник
Од Википедија, слободната енциклопедија
Голтникот или фаринкс (лат. pharynx[1]) е заеднички орган на дигестивниот и респираторниот органски систем. Човечкиот голтник е диференциран на три дела:
- Горен (носен) дел - назофаринкс, преку парни отвори, наречени хоани комуницира со носот.
- Среден (устен) дел - орофаринкс, кој се наоѓа зад усната празнина и со неа комуницира преку голтниково стеснување
- Долен дел - хипофаринкс, во кој оформениот залак (болус), со помош на јазикот рефлексно се турка наназад и се голта, преминувајќи во хранопроводот. Притоа, отворот на гркланот се затвора со неговото капаче (епиглотис). Со тоа се спречува навлегување на храната во дишните патишта.