Голео VI

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Официјална маскота

Голео VI (германски: Goleo VI), познат и како Goleo и Pille, е официјалната маскота за Светското Првенство 2006 во Германија. Голео е лав и на промотивните фотографии секогаш се појавува со неговиот другар, Пиле, фудбалска топка што зборува. Голео носи бел фудбалски дрес со број 06, а нема шорцеви. Голео костумот бил произведен од компанијата Џим Хенсон (The Jim Henson Company), по цена од околу 250,000 евра. Зборот Пиле (Pille) на германски значи топка, синоним за фудбал.

Претставување[уреди]

Голео бил претставен како маскота на Светското Првенство на 13 ноември 2004 за време на германската телевизиска програма „Wetten, dass..?“, промовиран од Пеле и Франц Бекенбауер. Се појавува и во Европската верзија на спотот на песната Love Generation на Боб Синклер, издадена во 2005-та. Компјутерски анимиран Голео се појавува и во спотовите на „Dance!“ (Lumidee) и „All Together Now“ (Atomic Kitten), издадени пролетта 2006.

Контраверзност[уреди]

Изборот на лав за маскота бил критикуван бидејќи не е германско животно и е симбол на германските фудбалски ривали - Англија и Холандија. Дизајнерот Ерик Спикерман предложил маскота да биде орел (кој е прикажан на грбот на Германија), или верверичка, како симбол на штедливата нација.

Името на маскотата може да се интерпретира како Goleo!, што на шпански значи „постигнувам многу голови!“, и како „Напред Лео!“ на англиски.

На 16 мај 2006, бавариската компанија за играчки Nici, која ја имала германската лиценца за производство на Голео, објавила банкрот. Една очигледна причина била високата цена на лиценцата од околу 28.000.000 .