Вресовидни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вресовидни
Rhododendron simsii
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Вресовидни
Dumort., 1829
Фамилии

Во текстот.

Вресовидни (науч. Ericales) — голем и разновиден ред на дикотиледони, каде припаѓаат разни познати растенија како чајот, рајското јаболко, боровницата, бразилскиот орев и азалејата. Во редот влегуваат дрва и грмушки, лијани и билни растенија. Покрај обичните автофитни растенија, во Вресовидните има и микохетеротрофни растенија сиромашни со хлорофил (на пр. Sarcodes sanguinea) и месојадни растенија (на пр. родот сарацении).

Многу видови имаат венче со по пет ливчиња, често сраснати. Сраснатоста на ливчињата е одлика според која редот традиционално се става во поткласата Sympetalae (сраснатолисни).[1]

Интересна особина на Вресовидните е микоризата. Честа појава кај членовите на редот е симбиотичното присуство на габи на корењата, а постојат три посебни типа што се среќаваат само во кај Вресовидните (ерикоидни, арбутоидни и монотропоидни микоризи). Покрај ова, извесни фамилии во редот имаат исклучителна способност да насобираат алуминиум.[2]

Вресовидните се космополитски ред. Распределеноста на членовите се разликува во голема мера - додека едни се ограничени на тропите, други постојат претежно на Арктикот или умерените краишта. Редот во целина содржи над 8000 видови, од кои во фамилијата Вресови (Ericaceae) спаѓаат 2000-4000 видови.

Стопанско значење[уреди]

Од најголемо стопанско значење е чајната билка (Camellia sinensis) од фамилијата Чаеви. Во редот има и плодови што се користат во исхраната, како што се кивито (Actinidia deliciosa), рајското јаболко (род Diospyros), боровницата, брусницата, бразилскиот орев и сапотата. Тука влегува и дрвото ши (Vitellaria paradoxa), што претставува значаен извор на хранлива течност за милиони жители на супсахарска Африка. Многу видови од редот се одгледуваат заради нивната украсна вредност: познати примери се азалејата, рододендронот, камелијата, јагликата и цикламата.

Класификација[уреди]

Следниве фамилии се типични за поновите класификации. Оние означени со ѕвездичка се признаени во системот APG III.

Овие ја сочинуваат базалната група на астериди.[3] Кронквистовиот систем, Вресовидните опфаќаат помала група на растенија, сместени во Dilleniidae:

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Robyns, W. (31). „Outline of a New System of Orders and Families of Sympetalae“. „Bulletin du Jardin Botanique National Belgique“ 42: 363–372. 
  2. Jansen et al., 2004
  3. Bremer, Birgitta; Kåre Bremera, Nahid Heidaria, Per Erixona, Richard G. Olmsteadb, Arne A. Anderbergc, Mari Källersjöd, Edit Barkhordarian (August 2002). „Phylogenetics of asterids based on 3 coding and 3 non-coding chloroplast DNA markers and the utility of non-coding DNA at higher taxonomic levels“. „Molecular Phylogenetics and Evolution“ 24 (2): 274–301. doi:10.1016/S1055-7903(02)00240-3. PMID 12144762. 
  • B. C. J. du Mortier (1829). Analyse des Familles de Plantes : avec l'indication des principaux genres qui s'y rattachent, 28. Imprimerie de J. Casterman, Tournay.
  • S. Jansen, T. Watanabe, P. Caris, K. Geuten, F. Lens, N. Pyck, E. Smets (2004). The Distribution and Phylogeny of Aluminium Accumulating Plants in the Ericales. Plant Biology (Stuttgart) 6, 498-505. Thieme, Stuttgart. (Available online: DOI | Abstract)
  • W. S. Judd, C. S. Campbell, E. A. Kellogg, P. F. Stevens, M. J. Donoghue (2002). Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, 2nd edition. pp. 425–436 (Ericales). Sinauer Associates, Sunderland, Massachusetts. ISBN 0-87893-403-0.
  • E. Smets, N. Pyck (Feb 2003). Ericales (Rhododendron). In: Nature Encyclopedia of Life Sciences. Nature Publishing Group, London. (Available online: ELS Site)
  • Arne A. Anderberg, Bertil Stahl, Mari Kallersjo (May 2000). „Maesaceae, a New Primuloid Family in the Order Ericales s.l.“. „Taxon“ (International Association for Plant Taxonomy (IAPT)) 49 (2): 183–187. doi:10.2307/1223834.