Владе Лазаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владе Лазаревски
Лични податоци
Роден на 9 јуни 1983(1983-06-09)(40 г.)
Роден во Крушевац, СР Србија, СФРЈ
Висина 1.86 м (6 ст 1 ин)
Позиција Одбранбеник
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2001 Куманово
2001–2005 Напредак Крушевац 67 (3)
2003–200414. Октобар (позајмица) 17 (1)
2005–2008 Дискоболија Гроцлин 60 (1)
2008Металист Харков (позајмица) 6 (0)
2008–2009 Полонија Варшава 25 (0)
2009 Карпати Лавов 2 (0)
2010 Риека 9 (0)
2010 Локомотив Астана 8 (0)
2011–2012 Амјен 12 (0)
2012 Смедерево 13 (0)
2013 Фљамуртари 4 (0)
2014 Звијезда 6 (0)
2014 Раднички Ниш 3 (0)
2015–2018 Темниќ 26 (3)
Репрезентација
2004 Македонија под 21 година 10 (0)
2005–2011 Македонија 43 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 1 август 2016

Владе Лазаревски (роден на 9 јуни 1983 година) ― српско-македонски поранешен професионален фудбалски одранбеник. Тој бил член македонската фудбалска репрезентација.[1] Тој е роден во Крушевац и е од македонска народност.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

На 19 декември 2007 година, било сметано дека Лазаревски е во Англија на пробен тренинг со премиерлигашкиот Дерби Каунти; тоа било неуспешно и тој се вратил во Полска. Кон крајот на февруари,[2] Лазаревски се појавил во Украина, тренирајќи со екипата на украинскиот прволигаш ФК Металист Харков. Набргу откако се случил трансферот и Владе бил објавен во јавноста како најновото засилување на клубот. Тој играл за Карпати Лавов во 2009 година пред да се приклучи на Риека на 27 јануари 2010 година. Лазаревски потпишал со Локомотив Астана на 8 јули 2010 година. Во декември 2010 година Лазаревски ја потврдил својата преселба во ФК Тобол. Клубот не му ја исплаќал платата, па ги пријавил во ФИФА и станал слободен агент. Следното лето, на неговиот 28-ми роденден, тој потпишал со Амјен, кој штотуку бил промовиран во француската Лига 2. Во февруари 2014 година потпишал со Звијезда.[3]

Во сезоната 2016/17, тој му помогна на ФК Темниќ да ја освои Српската лига - Исток и да постигне унапредување во српскиот втор ранг, Српската прва лига.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Додека играл во Србија со Напредак, уште како талентиран младинец, речиси истовремено станал член на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Тој го имал своето деби за македонската сениорска репрезентација[5] во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во ФИФА во јуни 2005 година против Чешка и има стекнато вкупно 43 натпревари, без постигнати голови.[6] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2012 во октомври 2011 година против Словачка.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Macedonia at Fifa.com.
  2. Lazarevski loaned to Metalist Kharkiv at MacedonianFootball.com, посетено на 14 мај 2023
  3. Lazarevski i Jugović pojačali Zvijezdu, čeka se Brazilac at sportsport.ba, 18 февруари 2014 (на босански)
  4. Владе Лазаревски на srbijafudbal.com, посетено на 14 мај 2023
  5. Владе Лазаревски Архивирано на 4 март 2016 г. на UEFA.com
  6. Appearances for Macedonia National Team -RSSSF
  7. Владе Лазаревски на EU-Football.info

Надворешни врски[уреди | уреди извор]