Википедија:Избрана статија/2014/27

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бел бор (Pinus sylvestris)
Бел бор (Pinus sylvestris)

Бор (науч. Pinus) — род на дрва од фамилијата борови (Pinaceae). Ова е единствениот род во потсемејството на боровите (Pinoideae). Постојат околу 115 вида на борови, со тоа што разни извори прифаќаат помеѓу 105 и 125 вида. Боровите се автохтони во најголемиот дел од северната полутопка и се воведени насекаде во умерените и суптропските краишта во светот, каде се одгледуваат како дрвена граѓа и како украсни растенија во градини и паркови. Еден вид (суматранскиот бор) го преминува екваторот во Суматра на 2° ЈГШ. Во Северна Америка виреат од 66° до 12° СГШ.

Во Македонија се застапени пет вида како автохтони борови и повеќе од шест вида како воведени

Речиси сите борови се двополови (со машки и женски шишарки на истото дрво), но има и неколку вида со претежно поделени родови. Машките шишарки се мали (1–5 см) и се јавуваат само во краток период (најчесто пролет, есен кај неколку вида) и паѓаат откако ќе го испуштат поленот. На женските шишарки им треба 1,5–3 години (зависно од видот) за да узреат по опрашувањето, со тоа што самото оплодување е одложено за една година.

Боровите се стопански најзначајните дрва ширум светот поради нивната дрвена граѓа и дрвена каша. Во умерени и топли краишта, овие меки дрва растат бргу. Во стопанските насади наменети за добивање на граѓа се одгледуваат погусти и посмолести дрва, кои од тие причини се подолговечни од смрчата (Picea). (бор|Дознајте повеќе...)