Меко дрво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
И покрај тоа што е прилично тврд, кедарот се смета за меко дрво
Слики на СЕМ прикажуваат присуство на пори кај трвдото дрво (даб, горе) и нивно отсуство кај меките дрва (бор, долу)

Меко дрво е дрвото на четинарите (зимзелените дрва). Дрвјата што даваат „меки дрва“ се: бор, смрека, кедар, елка, ариш, дуглазија, цуга, чемпрес, секвоја и тиса.

Како што самото име кажува, во просек меките дрва се помеки од оние кај тврдите дрва, но само во просек — дрвото на тисата, на пример, е многу потврдо од највеќето тврди дрва. Истото важи и за дрвото на долголисниот бор, додека балсамовото дрво (технички-тврдо дрво) е многу меко.

Меките и тврдите дрва се разликуваат по нивната микроскопска структура. Структурата на мекото дрво е прилично рамномерна, со само два вида клетки: трахеидски и паренхимски. Меките дрва немаат жили (пори) за спроведување на вода, туку користат трахеиди.

Општо земено меките дрва се лесни за обработка: тие го сочинуваат најголемиот дел од дрвата кои човекот ги исползува. Мекото дрво има огромен дијапазон на примени: главен материјал за градежни структурни елементи, мебел и дрвенарии. Мекото дрво се употребува и во производството на хартија, и разни видови на средно-густ лесонит. Пофините меки дрва наоѓаат разна специјализирана примена.

Поврзано[уреди]