Википедија:Геоекспедиции 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„Геоекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2017 година се спроведени следниве геоекспедиции, со првична цел да се опфатат што повеќе географски забележителности на територијата на Македонија според нивните геоморфолошки (спеоелошки), хидрографски, орографски и останати одлики при што биле опфатени следните предели:

  1. Пештери во Скопско — еднодневна експедиција во еден дел; и
  2. Пештери и реки низ Мариово — еднодводневна експедиција во еден дел.
  3. Езера и врвови на Јабланица, Бистра и Шар Планина — еднодневна експедиција во повеќе делови.
  4. Пештери во Прилепско — еднодневна експедиција во еден дел;

Одржани геоекспедиции[уреди извор]

Геоекспедициите се одржувани со главна цел за пронаоѓање, сликање и прибирање податоци на терен на дадена географска одлика и забележителност на територијата на Македонија, при што на одењето на терен покрај главните географски појави и објекти (пр. пештера, езеро, река) се опфаќаат и сите останати географски одлики кои се наоаѓаат на тоа подрачје (планини, ридови, врвови, реки, потоци, извори, села итн.). Специфичноста на посета и истражување на пештери и други помалку познати и ретки географски појави е таква, што често пати бара повеќе пати да се посети едно исто место заради не можност од прва да се најде местото и објектот, непогодени временски услови итн.

Геоморфологија (Спелеологија)[уреди извор]

Првата геоекспедиција за пронаоѓање на 3 пештери на Сува Планина во Скопско, е спроведена на 10 март 2017 кога со претседателот на ПД „Трансверзалец“ од Скопје - Зоран Костадинов, кој воедно обезбеди и спелеолошка опрема и Слободан Трајковски, се пронајдени, посетени и истражени Бозгунова Пештера кај Патишка Река, Христијанова Пештера кај Јаболци и Светла (или Ледена) Пештера кај Нова Брезница. Поради технички проблеми со фотографскиот апарат, студеното облачно и врнежливо време и сликите од оваа посета биле со лош квалитет и сосема неупотребливи поради што, Корисник:Македонец (Марио Шаревски) потоа на 22 март сам со велосипед ја посетил Христијанова Пештера каде се направени триесетина слики со одличен квалитет, а на 09 април заедно со Александра Стајковска и Калин Марковиќ повторно ја посетиле Бозгунова Пештера каде исто така се направени десетици слики со добар квалитет. Во рамки на посетата на Мариово околу подготвителните активности за фестивалот Mariovo Off-Road Experience одржана на 25 и 26 март, Марио Шаревски заедно со Слободан Трајковски и во консултации со членовите на спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп, Дарко Неданоски и Марјан Темовски, била посетена и сликана Мелничката Пештера над раселеното село Мелница на патот кон Витолиште.

Пештери[уреди извор]

Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Христијанова Пештера — пештера Q12911524 подобрена статија
2. Бозгунова Пештера — пештера Q12911524 нова статија
3. Светла (Ледена) Пештера — пештера Q36622432 подобрена статија
4. Мелничка Пештера — пештера Q12911524 нова статија
5. Дуова Пештера — пештера Q20567123 подобрена статија
6. Рамниште — пештера Q12909889 подобрена статија
7. Драчевска Пештера — пештера Q20566906 подобрена статија
8. Пропаст — спелеолошки објект/карстен облик Q43127755 нова статија

Хидрографија[уреди извор]

Реки[уреди извор]

Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Бутурица — река Q20935781 подобрена статија
2. Градешка Река — река Q12905849 подобрена статија
3. Средна Река — река Q29169041 нова статија
4. Маркова Река — река Q3071834 подобрена статија
5. Крапска Река — река Q31360632 нова статија
6. Сува Река — река Q31361499 нова статија
7. Патишка Река — река Q31361472 нова статија
8. Понорница — подземна река (хидрографска појава во варовнички предели) Q1140845 подобрени статија

Езера[уреди извор]

Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Северно Гашово Езеро — езеро Q20570007 подобрена статија
2. Јужно Гашово Езеро — езеро Q20562635 подобрена статија
3. Самево Езеро — езеро Q41785557 нова статија
4. Горно Лабунишко Езеро — езеро Q12905814 подобрена статија
5. Долно Лабунишко Езеро — езеро Q20566720 подобрена статија
6. Подгоречко Езеро — езеро Q20570010 подобрена статија
7. Требенишко Езеро — езеро Q31360721 нова статија
8. Преспанско Езеро — езеро Q204392 подобрена статија
9. Охридско Езеро — езеро Q156258 подобрена статија

Блата и мочуришта[уреди извор]

Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Катлановско Блато — блато/мочуриште Q12907020 подобрена статија
2. Студенчишко Блато — блато/мочуриште Q31360711 нова статија

Орографија[уреди извор]

Посетите за орографските истражувања на релјефот на Македонија, односно на планините, врвовите, месностите, но и некои хидрографски одлики како реки, извори или пак села, се одржувани најчесто во рамки на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ кој опфаќа посета и искачување на помалку познати и посетувани планински врвови на различни планини на целата територија на Македонија во организација на ПД „Трансверзалец“ каде како иницијатор и организатор е вклучен и Корисник:Македонец (Марио Шаревски). Во рамки на посетата на Мариово на 25 и 26 март се направени и слики за планината Козјак и нејзиниот врв Панделе. Во текот на месеците јуни и јули, за потребите на обележување планинарска патека за Планинарски предизвик „12 Врвови“, четири пати се оствари теренски посети на планината Јабланица каде се сликани повеќе нејзини врвови и леднички езера, а во август двапати е посетена планината Бистра каде се сликани нејзини врвови и карстни полиња.

Планини и врвови[уреди извор]

Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Козјак (Мариово) — планина Q29351595 нова статија
2. Панделе — планински врв Q29351711 нова статија
3. Веливар — планински врв Q20564819 подобрена статија
4. Крчин — планина-огранка/планински врв Q15241005 подобрена статија
5. Куртово Ќуле — планински врв Q44264463 нова статија
6. Јабланица — планина Q568256 подобрена статија
7. Стрижак — планински врв Q36625797 нова статија
8. Пупуљак — планински врв Q31361022 нова статија
9. Радуч — планински врв Q38036908 нова статија
10. Слепчарен — планински врв Q38132296 нова статија
11. Шар Планина — планина Q391195 подобрена статија
12. Ливадица — планински врв Q6737323 подобрена статија
13. Пескови — планински врв Q12909505 подобрена статија
14. Чаушица — планински врв Q12912026 подобрена статија
15. Кобилица — планински врв Q3300104 подобрена статија
16. Трпезница — планински врв Q12911050 нова статија
17. Љуботен — планински врв Q927599 подобрена статија
18. Челепински Врв — планински врв Q27343728 подобрена статија
19. Бистра — планина Q2379390 подобрена статија
20. Голем Брзовец — планински врв Q42514178 нова статија
21. Мал Брзовец — планински врв Q42514404 нова статија
22. Суво Поле — карстно поле/висорамнина Q42790723 нова статија
23. Бабуна — планина Q2661572 подобрена статија
24. Козјак — планински врв Q42513631 нова статија
25. Зајачница — планински врв Q42788698 нова статија
26. Караџица — планина Q11102823 подобрена статија

Села[уреди извор]

Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Градешница — село Q2916581 подобрена статија
2. Ракотинци — село Q3071524 подобрена статија
3. Живово — село Q3073926 подобрена статија
4. Жировница — село Q3136902 подобрена статија
5. ’Ржаничино — село Q3071559 подобрена статија
6. Крстец — село Q3074233 подобрена статија
7. Патишка Река — село Q3071633 подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на геоекспедициите се достапни во следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]