Дуова Пештера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дуова Пештера
Влезот на Дуова Пештера
Местоврв Козјак, Македонија Македонија
Должина81 м

Дуовата Пештера се наоѓа на југоисточната страна непосредно под врвот Козјак на планината Бабуна. Сместена е на десната страна на скарстена суводолица, непосредно под врвот Козјак на надморска височина од 1670 метри. Формирана е во калцитски мермери. Се одликува со вкупна должина од 81 метар, а од украсите кои се во мал број, се издвојуваат сливовите во вид на топки. Била истражувана од ПСК Златоврв од Прилеп на 9 април 2006 година.[1].

Во внатрешноста на пештерата постои извор наречен Дуова Вода, за чии води околното население верува дека се лековити, поради што постои обичај изворот да се посетуваат и од него да се полни вода на Духовден, поради што и самата вода и пештера е наречена Ду(х)ова. Во непосредна близина на изворот има повеќе глинени садови и шишиња, а во самиот извор има и голем број монети.

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, опишувајќи го врвот Козјак, запишал дека како и сите планини со варовнички состав, Козјак е многу богат со подземни пештери и пропасти, од коишто некои се полни со вода во дното[2]. Попознати од нив се две: една на врвот (Дуова), друга по западната падина над с.Ореовец (Рамниште), при што втората е позната по исцелителната „Дуова Вода“ (вода на Св. Дух, затоа што на Св. Дух одат да се мијат од неа)[2]. По еден тесен премин влегуваш под земјата на 20-30 стапки и достигнуваш до една пештера на којашто карпите и се мокри и од нив во дното капе малку вода[2]. Тоа е „Духовата Вода“[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Истражувани пештери“. Спелеолошка федерација на Македонија. Посетено на 2011-11-20.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 66. ISBN 978-608-245-113-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]