Вајтхорс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вајтхорс
—  Град  —
Град Вајтхорс
Центарот на градот и реката Јукон
Гесло: Наши луѓе, наша сила
Координати: 60°43′ СГШ 135°03′ ЗГД / 
Држава Канада
Територија Јукон
Основан 1898
Управа
 • Градоначалник Ден Куртис
Површина
 • Град 416,54 км2
 • Пошир. 8.488,91 км2
Надм. вис. 670–1.702 м
Население (2011)
 • Град 23.276 жит.
Портал www.city.whitehorse.yk.ca

Вајтхорс (англиски: Whitehorse) е најголем и главен град во Јукон, Канада. Лежи на бреговите на реката Јукон која е долга 3.187 километри, a чиј извор се наоѓа во Британска Колумбија, а се влева на север во Берингово Море. Со оглед на неговата местоположба, зимските денови во овој град се кратки, а летните денови имаат 20-часовна светлина. Зафаќа површина од 416 км² и тука живеат повеќе од 23.300 жители.