ВМРО - ПРАВДА

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ВМРО-ПРАВДА)
За други значења видете ВМРО (појаснување)

ВМРО - ПРАВДА била конспиративна политичка организација во НР/СР Македонија формирана од припадниците на ВМРО-СДРМА во Прилеп со политичка програма: обединета самостојна држава Македонија со парламентарно уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, надополнета со заложби за остварување социјалнаправда[1]. Дејноста ја проширила мрежата во Битола, Охрид, Ресен, Скопје, Свети Николе, Штип, Берово, Струмица и во селата, во Малешевско и во Дебрца. Членовите на Организацијата се декларирале како следбеници на Претседателот Методија Андонов-Ченто т.н. „чентовци“. И по честите апсења опстојувала. Организацијата ја проширила својата мрежа и дејноста ( во периодот 19701971) во Пиринскиот и во Егејскиот дел на Македонија[2]. Преку студентската група во Загреб, одржувала врски со Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) во Европа. Дејствувала во периодот од 1948 до 1985 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сто години ВМРО. Златна книга, Скопје, 1993
  2. М. Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање (1943–1946), Скопје, 2000