Бомбашки напад на аеродромот Бургас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бомбашки напад на аеродромот Бургас
МестоБургас, Бугарија
Датум18 јули 2012
17:23 GMT
ЦелАеродром Бургас
Вид нападБомбашки напад
Мртви7[1] (вклучително и атентаторот)

Бомбашкиот напад на аеродромот Бургас се случил на 18 јули 2012 година.

Според првичните информации, најмалку седум лица загинале и дваесетина биле повредени во терористичкиот напад што се случил околу 17.23 часот на паркинг пред аеродромот во бугарскиот град Бургас. Според извештаите од бугарските медиуми, целта на нападот биле 150 израелски туристи, кои на половина час пред експлозијата долетале од Тел Авив и влегле во три автобуса со кои требало да заминат на црноморското крајбрежје. Меѓу загинатите има Израелци, но и бугарски државјанин.

Според првичните сознанија од очевидци во еден од автобусите влегол бомбаш кој активирал експлозив[2]. Повредените лица веднаш по екплозијата биле пренесени во болницата во Бургас. Четворица од ранетите се во критична состојба. Меѓу повредените има и две бремени жени.

По експлозијата аеродромот во Бургас е затворен за сообраќај, а сите летови се пренасочени кон Варна.

Одговорност[уреди | уреди извор]

Медиумите во Бугарија по настанот потстиле дека на 5 јануари се појавиле информации дека израелските власти стравуваат од терористички напади врз Израелци во Бугарија, во организација на либанската шиитска организација Хезболах, поддржана од Иран, за одмазда за убиството на нејзиниот функционер Имад Мугне.

Одговорноста за нападот сè уште никој не ја презел. Сепак, изралески медиуми посочиле прст кон Иран. Неодамна изралеските власти ја предупредиле Бугарија да ги подигне мерките на готовност, поради можност за терористички напади врз туристи од Израел.

Реакции[уреди | уреди извор]

  •  Бугарија — Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов го опишал атентатот како „ужасен инцидент“ и изјавил дека целиот соств на владата го осудува тероризмот и агресијата.[3]
  •  Обединето Кралство — Министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг го осудил нападот врз израелските туристи.[4]
  • ЕУВисокиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија[5]
  • Израел Израел — Портпаролот на израелскиот премиер Венјамин Нетанјаху за медиумите потврдил дека станува збор за терористички напад[6]. По ова изјава дал и самиот премиер кој исто така ги обвинил Иран за нападот и изјавил дека овој напад се случил по точно 18 години по експлозијата во Еврејскиот центар во Аргентина[7]. На 18 јули 1994 година Хезболах подметна експлозија во Еврејскиот центар во Буенос Аирес, при што загинаа 86 лица.
  •  САД — Портпаролот на Белата куќа изјавил дека САД осудуваат секакви напади врз невини жртви, како што се децата“.[8]
  •  Србија — Вицепремиерот Ивица Дачиќ го осудил терористичкиот напад и изјавил дека „овој чин докажал дека било потребно голема соработка во борба со меѓународниот тероризам.[9]
  •  Франција — Министерот за надворешни работи Лорен Фабиус изразил „солидарност кон израелските власти во борбата против омразата и тероризмот“.[10]
  • Податотека:Hizbollah flag.jpg Хезболах — како реакција на израелските власти, Хезболах изјавил дека неговата организација не војува против туристи“.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Једиот Ахронот": Седум души загинаа при експлозија на аеродром во Бургас“. Агенција Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.[мртва врска]
  2. „Канал 2, Израел: Експлозијата се случила кога непознато лице се качило на автобусот со израелските туристи“. Агенция Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.[мртва врска]
  3. „Бойко Борисов: Този ужасен инцидент е шок за всички нас“. Българска национална телевизия. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  4. „„Джерусалем пост": Великобритания осъди атаката в Бургас“. Агенция Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  5. „ЕС осъди нападението срещу израелски туристи в България“. Burgas24.bg. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  6. „Портпаролот на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху го потврди инцидентот на израелските туристи во Бугарија“. Агенција Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.[мртва врска]
  7. „Нетанјаху го обвини Иран за експлозијата во Бугарија“. Курир. 18 јули 2012. Посетено на 2012-07-18.[мртва врска]
  8. „АФП: САЩ осъдиха атентата срещу израелци в България“. Агенция Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  9. „Дачић осудио терористички напад на Израелце у Бугарској“. Политика/Танјуг. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  10. „АФП: Франция осъди атаката срещу израелци в България“. Агенция Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.[мртва врска]
  11. „Tourist terror: At least six Israelis killed in Bulgaria bus bomb attack“. Russia Today. 18 јули 2012.