Блага Видец
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Блага Видец | ||
|---|---|---|
| Основни податоци | ||
| Роден(а) | 24 септември 1930, Битола | |
| Умрел(а) | 21 октомври 1982, Сараево | |
| Жанр(ови) | народна музика класична музика |
|
| Занимање/ња | пејачка | |
Блага Видец (Битола, 24 септември 1930 – Сараево, 21 октомври 1982) била македонска оперска пејачка - мецосопран[1].
[уреди] Биографија
Видец е родена во Скопје на 24 септември 1930 година. Пеење учела во Загреб и во Љубљана. Била солист на Операта на МНТ од 1954 до 1960, а потоа на Сараевската опера. Остварила повеќе главни улоги од мецосопранскиот фах, меѓу кои: Ацучена (Трубадур), Амнерис (Аида), Далила (Самсон и Далила), Кармен, Фенена (Набуко), Поседувала природна музикалност и смисла за сценско обликување. Настапувала на концертниот подиум и во доменот на народната и забавната музика[2].
[уреди] Наводи
- ↑ (на македонски) „Македонска енциклопедија“. I (прво издание). МАНУ. стр. 273. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „АНДРЕЈА СТОЈКОВСКИ, КОЛЕКЦИОНЕР - Собирач на македонска народна музика“, Дневник, сабота, 18 март 2006. Проверено на 2009-11-21. (на македонски)