Битка кај Гвадалета
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Битка кај Гвадалета | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Маварско освојување на Иберискиот полуостров | |||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Визиготско кралство | Умајади (Арапи и Бербери, можеби и неколку Иберски Евреи) |
||||||
| Војсководци | |||||||
| Родерик † | Тарик Ибн Зијад | ||||||
| Сила | |||||||
| 100,000 33,000 (Lewis) |
187,000 (Christian sources) 12,000 (Lewis) |
||||||
| Жртви | |||||||
| Непознато, | Непознато | ||||||
Битката кај Гвадалета се одвила на 19 јули 711 година на реката Гвадалета на јужниот дел од Иберискиот полуостров. Оваа битка била одлучувачка за муслиманските Арапи и Маври, кои по победата над Визиготите и невниот крал Родерик успеале да воспостават контрола во следните години во поголемиот дел од полуостровот. Претходно, маварската инвазија во Хиспанија започнала на 30 април 711 година.
[уреди] Почеток
Кралот Родерик на чело на Визиготското кралство дошол во 709 година. По неговиот преврат истата година, службениците на претходниот крал Битиз побегнале кон Северна Африка каде склопиле сојуз со гувернерот Јулијан Сеутски, а по ова побарале помош од Маврите.
Маварската инвазија на полуостровот започнала на 30 април 711 година со околу 1.700 војници на чело со Тарик Ибн Зијад. Покасно му се приклучила и поголема војска, зазимајчи ја Картагина. Наспроти ова, во внатрешноста на христијанското кралство владеела граѓанска војна на северот. По веста дела Маврите навлегуваат на полуостровот, кралот Родерик веднаш со својата војска се упатил кон југ. Така, во јули 711 година се одвила една од најзначајните битки во историјата на Европа.
[уреди] Битка
На едната страна војската на муслиманите била предводена од Тарик Ибн Зијад, а на другата од Родерик. Муслиманскта војска броела околу 7.000 војници, а христијанската околу 25.000. И покрај тоа што визиготската вјска била побројна, главно поради несогласувањата на династиите во кралството, по започнувањето на битката голем дел од армијата побегнала. Така, муслиманите на крај излегле победници.
[уреди] Последици
Визиготското кралство било крајно неорганизирано во оваа битка. Веќе во следната година, Муса Ибн Нусаир испратил дополнителни 12.000 војници од Северна Африка за да го освојат полуостровот. Тоа можеби не во целост, но му успеало по пет години. По распаѓањето на кралството на Визиготите биле формирани повеќе кралства, на почетокот Кралство Астурија.
