Бермудски Триаголник
Бермудски Триаголник — зона во Атлантскиот Океан што се протега помеѓу Мајами — Бермудите — Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како последица на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот Триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 непронајдени луѓе.
Теории
[уреди | уреди извор]Постојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е дека се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. А друго, дека има пореметување на Земјината магнетосфера. Некои пак мислат дека е дело на пирати. Некои мислат дека е човечка грешка, но сепак мистеријата за Бермудскиот Триаголник станува сè поголема и понејасна од кои луѓето копнеат да дознаат со каков натприроден проблем треба да се соочиме.
Прв случај
[уреди | уреди извор]Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот Триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селест. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорк и Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија. Се верува дека на местото на Бермудскиот Триаголник бил исчезнатиот континент Атлантида.
Други настани
[уреди | уреди извор]- 1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди.
- 1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник.
- 1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.
- 1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“.
- 1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација.
- 1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага.
- 1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.
- 1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници.
- 1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот.
- 1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“.
- 1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци.
- 1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион.
- 1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“.
- 1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.
|