
Слика од 1861 од непознат автор. |
| Кариера (Британска Северна Америка) |
 |
| Назив: |
Амазон |
| Сопственик: |
Џошуа Дуис, Вилијам Хенри Бигалоу и уште шест други инвеститори[1] |
| Пристаниште и Регистар: |
Парсборо, Нова Шкотска |
| Градител: |
Џошуа Дуис |
| Пуштен: |
мај 1861 |
| Идентификација: |
МКС: JFWN[2]
|
| Кариера (САД) |
 |
| Сопственик: |
Џејмс Х. Винчестер (прв сопственик); Г. С. Паркер (последен сопственик) |
| Пристаниште и Регистар: |
New York |
| Градител: |
повторно изграден во Њујорк, 1872 |
| Судбина: |
пронајден во близина на Азурните Острови во 1872. |
„Мери Селест“ или „Небесна Мери“ (англиски: Mary Celeste) бил американски трговски брод кој бил откриен во декември 1872 година напуштен во Атлансткиот Океан. Денес не е целосно потврдено како екипажот и патниците исчезнале од бродот, иако на денот на неговото откривање времето било мошне поволно и целиот екипаж бил искусен и добро упатен во морепловството. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар кога бродот поминал еден месец на море и имал залиха од храна и вода за шест месеци. Целиот товар на бродот при откривањето бил недопрен, па дури и личните работи на екипажот и патниците сè уште стоеле каде тие ги оставиле. Екипажот и патниците не се повеќе никогаш видени и денес случајот со „Мери Селест“ е една од најголемите поморски мистерии во светот.
Судбината на екипажот е предмет на шпекулации од различен вид. Теориите се движат од алкохолно предозирање, преку подводни земјотреси па сè до вонземски појави. Често има и предлози кои се слични со хипотетичките објаснувања на исчезнати бродови во Бермудскиот триаголник. Денес, името Мери Селест често се поврзува со мистериозни бродски појави и така наречени бродови-духови.
Хронологија [уреди]
- 1861 – бил изграден „Амазон“ во Нова Шкотска, Канада
- 1867 – онеспособен во бура во близина на Глејс Беј, Нова Шкотска
- 1869 – поправен и продаден на американски сопственик. Преименуван во „Мери Селест“
- 1872 – отпловил од Њујорк до Џенова на 7 ноември
- 1872 – последен запис во дневникот на капетанот од 24 ноември
- 1872 – последен запис на камен од бродот на 25 ноември
- 1872 – бродот бил пронајден напуштен на 4 декември
| име |
статус |
националност |
возраст |
| Бенџамин Бригс |
капетан |
Американец |
37 |
| Алберт Г. Ричардсон |
офицер на палуба |
Американец |
28 |
| Ендру Гилинг |
офицер на палуба |
Данец |
25 |
| Едвард Хед |
послуга и готвач |
Американец |
23 |
| Фолкерт Лоренсон |
морепловец |
Германец |
29 |
| Ариан Мартенс |
морепловец |
Германец |
35 |
| Бој Лоренсон |
морепловец |
Германец |
23 |
| Готлиб Гондесхал |
морепловец |
Германец |
23 |
| име |
статус |
возраст |
| Сара Елизабет Бригс |
жена на капетанот |
31 |
| Софија Матилда Бригс |
ќерка на капетанот |
2 |
Додатни информации [уреди]
Надворешни врски [уреди]