Астерикс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Астерикс (француски: Astérix или Astérix le Gaulois) или Астерикс и Обеликс (француски: Astérix et Obelix) е француско-белгиска серија стрипови од René Goscinny и Albert Uderzo. Стриповите почнаа да се издаваат на 29 октомври 1959 година.

Дејствието во стриповите се врши во едно мало галско село кое дава отпор на римската окупација. Тоа што се посилни од моќната римска армија се должи на магичниот напиток направен од селскиот друид кој практикува алхемија. Суфиксот "икс" на крајот на имињата во стрипот доаѓа од името на Vercingetorix (древен поглавар на Галите). Во текот на стриповите Астерикс со својот верен пријател Обеликс патуваат низ многу древни држави и народи како што се Рим, Грција, Египет, Америка и така натаму. Стриповите се преведени на повеќе од 100 јазици и најпознати се во Европа и Америка. Направени се 13 филмови и телевизиска анимирана серија.

Ликови[уреди]

Астерикс[уреди]

Астерикс (француски: Astérix) е главниот лик во стриповите. Иако нема импресивна мускулна форма Астерикс е еден од најсилните и најитрите ликови. Низ своите авантури, Астерикс со помош на магичниот напиток приготвен од страна на друидот Гетафикс успева да избега од лоши ситуации. Тој успева да го надитри Цезар секогаш кога Цезар посакува да му направи нешто лошо него и на селото. Ги завршува 12те задачи на Цезар во истоимениот стрип, успева да победи на олимписките игри итн.

Обеликс[уреди]

Обеликс (француски: Obelix) е пријателот на Астерикс и околу нив се случуваат дејствијата во стриповите и филмовите. Обеликс паднал во магичниот напиток кога бил мало дете и затоа тоа има бесконечно дејство на него. Тој е лесно навредлив и сензитивен. Работи како скулптор на менхир и е најсилен војник од селото. Исто така карактеристично за него е љубовта која ја има кон неговото куче Идефикс и тоа што е секогаш гладен. Неговото омилено јадење е дива свиња.

Идефикс[уреди]

Идефикс (француски: Idéfix, англиски: Dogmatix) е кучето на Обеликс. Тој е единствениот главен лик кој е животно. Без оглед на неговата големина тој е доста бестрашен. Идефикс е исто така и екологијаекологист кој мрази уништување на галската шума.