Астерикс и Обеликс: Мисија Клеопатра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Астерикс и Обеликс: Мисија Клеопатра
(Astérix & Obélix: Mission Cléopâtre)“
Mission cleopatre affiche.jpg
Режирано од Алан Чабат
Продуцент Клауде Бери
Сценарист Алан Чабат (сценарио)
Рене Госцини (стрип)
Алберт Удерзо (стрип)
Настапуваат Жерар Депардје
Кристиан Клавиер
Моника Белучи
Музика Филипе Чани
Кинематографија Лорент Диланд
Дистрибутер Miramax Films (САД)
Премиера 2002
Времетраење 107 min.
Јазик Француски

Астерикс и Обеликс: Мисија Клеопатра со оригинален наслов Astérix & Obélix: Mission Cléopâtre е француски филм излезен во 2002 година според стрипот на Рене Госцини и Алберт Удерзо насловен Astérix et Cléopatre.

Филмот е режиран од страна на Алан Чабат, а улогите ги толкуваат: Жерар Депардје, Кристиан Клавиер и Моника Белучи.

Синопсис[уреди]

Египетската Кралица Клеопатра (Моника Белучи), се обложува против римскиот император, Јулие Цезар (Алан Чабат), дека нејзиниот народ е сѐ уште велик, иако времињата на фараоните се одамна поминати. Таа ветува (наспроти логиката) дека ќе му изгради нова палата на Цезар во рок од три месеци. Бидејќи сите други архитекти се или зафатени или многу конзервативни во стилот, нејзиниот избор паѓа на Едифис (во македонскиот превод - Ѕидарис). Доколку тој успее да ја изгради палатата во рокот, ќе биде покриен со злато, а во спротивно неговата судбина ќе биде да го изедат крокодилите на Клеопатра. Едифис ќе го повика неговиот стар пријател: друидот Панорамикс (Клауде Рич) од Галија, да му помогне со тоа што ќе направи напивка која дава натприродна сила. За да го заштитат стариот друид, Астерикс и Обеликс ќе го придружуваат во Египет.

Кога Цезар ќе дознае дека палатата напредува, ќе се обиде да го спречи тоа со напад од страна на неговите трупи, но како и локалните пирати тој не ја зеде предвид силата на Астерикс и Обеликс. Тие се досетија и ѝ пратија порака на Клеопатра која веднаш го запре нападот, и го натера Цезар неговите работници да учествуваат во поправката на направената штета.

Палатата беше изградена на време и Клеопатра го доби облогот, а Цезар призна дека египетскиот народ е најголем од сите народи.

Надворешни врски[уреди]